Напади со дронови во центарот на Москва
1 август 2023Според информациите на градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин кои ги објави на својот блог на Телеграм, дрон влетал во висококатница, која била погодена уште на викендот.
Во инцидентот е оштетена фасадата на 21 кат, спасувачките екипи излегле на терен, но како што тврди градоначалникот, нема повредени. Повеќе дронови ноќеска биле соборени од страна на системот за противвоздушна одбрана.
Кратко по нападот со дронови, привремено бил запрен авионскиот сообраќај на меѓународниот аеродром Внуково, како што јави руската државна новинска агенција Тасс. Дел од летовите биле пренасочени кон други аеродроми, но по кратко време авионскиот сообраќај на Внуково бил повторно нормализиран.
Напад со дронови врз деловен кварт
Русија, како што е соопштено, во неделата соборила два украински дронови кои оштетиле две висококатници во московски деловен кварт во центарот на градот. Москва е оддалечена околу 500 километри од границата со Украина, а главниот град и неговата околина од почетокот на војната во Украина првично ретко беа во визирот.
Нападите со дронови меѓутоане се воопшто споредливи со масивните напади на Русија во нејзината разорувачка агресорска војна, која ја почна пред 17 месеци. Москва постојано го напаѓа и главниот град Киев со дронови, ракети и крстосувачки ракети, предизвикувајќи човечки жртви и огромни материјални штети.